Стража (Фариш)
Стража — археолошко наоѓалиште во кавадаречкото село Фариш. Наоѓалиштето претставува утврдена населба од доцноантичкото време. На 2 км југоисточно од селото, на котата 441 и на околу 500 м југоисточно од наоѓалиштето Селиште, има масивен ѕид што го опкружува ридот. На зарамнетиот рид се наоѓаат остатоци од темели на градби и множество фрагменти од тегули, имбрекси и градежен камен.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Дабица — некропола од римското време;
- Св. Богородица — осамен наод од римското време;
- Селиште — населба од доцноантичкото време;
- Фариш;
- Список на археолошки наоѓалишта во Кавадаречко;
- Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 161. ISBN 9989-649-28-6.