Гркови Садеви (Моклиште)
Гркови Садеви — населба и некропола од доцноантичкото време во атарот на селото Моклиште, Македонија. На 5 километри јужно од селото Ваташа, на десниот брег на реката Луда Мара се среќаваат грамади од градежен камен, тегули, имбрекси и фрагменти од керамички садови. Најдени се делови од архитектонска пластика, како и надгробни стели со грчки натписи. Наодите се чуваат во Музејот и галерија во Кавадарци.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Валенција — некропола од доцноантичко време;
- Градиште — населба и некропола од доцноантичко време;
- Моклишко Кале — градиште од железно и доцноантичко време;
- Моклиште; и
- Список на археолошки наоѓалишта во Кавадаречко.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 154. ISBN 9989-649-28-6.