Луда Мара

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Луда Мара
Makedonija, Kavadarci - most na reci Luda Mara.JPG
Луда Мара низ Кавадарци
Други имињаВаташка Река
Курјачка Река
Слив
Главен изворВитачево
Устиево Вардар
41°33′3″N 22°2′21″E / 41.55083° N; 22.03917° E / 41.55083; 22.03917Координати: 41°33′3″N 22°2′21″E / 41.55083° N; 22.03917° E / 41.55083; 22.03917
ТечениеВардарЕгејско Море
Сливна повр.140,47 км2
Физички особености
Должина33,5 км

Луда Мара (Ваташка Река или Курјачка Река) — река што тече низ Кавадарци. Извира од висорамнината Витачево.

Водостој[уреди | уреди извор]

Реката има многу низок водостој во текот на летните месеци. На пролет и на есен, или при обилни врнежи брзо надоѓа и за краток временски период, како „луда“, може да поплави голема површина. Градот Кавадарци често бил поплавуван од реката, откаде и го има добиено името.

Тек[уреди | уреди извор]

Реката извира на висорамнината Витачево, од каде тече на север.

Реката тече низ Моклишкото Езеро, кое е настанато со одрон на рид на 5 септември 1956 година, којшто го преградил коритото на реката и го образувал езерото. Одронот закопал 12 луѓе и 1200 овци.[1]

Се влива во Вардар, како негова десна притока. Зафаќа сливно подрачје од 140,47 км2.[2]

Галерија[уреди | уреди извор]

Реката низ селото Ваташа

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Сеќавање на природната катастрофа во кавадаречко“. Днавник. Посетено на 13 септември 2010.
  2. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 44. ISBN 978-9989-2117-6-8.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]