Киштино (Шешково)
Киштино (или Каштино) — археолошко наоѓалиште во кавадаречкото село Шешково. Претставува населба и некропола од доцноантичко време.
На 2 км југозападно од селото, на простор од 100 × 70 м се наоѓаат фрагменти од керамички садови и множество градежен материјал. Утврдени се и камени плочи од гробни конструкции од типот на циста.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 161. ISBN 9989-649-28-6.