Дабица (Фариш)
Дабица — археолошко наоѓалиште во кавадаречкото село Фариш. Наоѓалиштето претставува некропола од римското време. Во непосредната близина на училиштето биле откриени повеќе гробови од тегули од видот „на две води“ и една ара профилирана од сите страни која подоцна е поставена во олтарот на селската црква како основа за чесната трпеза.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Св. Богородица — осамен наод од римското време;
- Селиште — населба од доцноантичкото време;
- Стража — утврдена населба од доцноантичкото време;
- Фариш;
- Список на археолошки наоѓалишта во Кавадаречко;
- Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 161. ISBN 9989-649-28-6.