Прејди на содржината

Црквиште Св. Атанас (Крњево)

Координати: 41°18′27″N 22°07′36″E / 41.30750° СГШ; 22.12667° ИГД / 41.30750; 22.12667
Од Википедија — слободната енциклопедија
Црквиште Св. Атанас

Карта

Местоположба 41°18′27″N 22°07′36″E / 41.30750° СГШ; 22.12667° ИГД / 41.30750; 22.12667
Основни податоци
Место Крњево
Општина Кавадарци
Тип

 базилика


Период старохристијанско време
Портал „Археологија“

Црквиште Св. Атанасархеолошко наоѓалиште во кавадаречкото село Крњево. Претставува старохристијанска базилика. Се наоѓа на зарамнето плато западно од патот. Откриена е во 1975 година со археолошки ископувања, и тоа нејзиниот јужен дел. Била подигната во IV-V век, како култен објект покрај една ѕидана старохристијанска гробница. Црквата е трикорабна, со нартекс и егзонартекс. Средниот кораб на источната страна завршува со полукружна апсида. Канцелот на олтарната преграда е изведен од мермерни блокови, а подот во презвитериумот од мермерни плочки, во техниката opus sectile.[1]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 153, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069