Мермер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Блок од мермер
Мавзолејот Таџ Махал — целосно обложен со мермер
Порта „Македонија“ во Скопје, обложена со мермерот „Сивец“
Предмети од мермер во Ромблон, Филипини.

Мермер (од старогрчки: μάρμαρος = „бел, блескав камен“) — метаморфна карпа составена од рекристализирани карбонатни минерали, претежно калцит или доломит. Се ископоува во каменоломи и наоѓа особена примена вајарството и архитектурата.

Од особена важност се наоѓалиштата на мермер во Македонија е Сивец (Прилепско) и Горна Баница (Гостиварско). „Сивец“ (наречен според ридот) е меѓу најпознатите и најбараните мермери на светот. Од него се изработени многу домашни и светски споменици и градби низ сите периоди. Еден пример од антиката се градбите во Хераклеја кај Битола. [1] Постојат повеќе наоѓалишта на мермер во разни краишта на Македонија.

Геолошко потекло[уреди]

Овој вид карпи настануваат со метаморфизам кај седиментните карбонатни карпи, најчесто варовник или доломит. Метаморфизмот предизвикува променлива рекристализација на изворните карбонатен минерал. Исходната карпа најчесто е составена од преплетени карбонатни кристали. Главните наслаги и структури изворната карбонатна пракарпа (протолит) се изменети или се уништуваат.

Чисто белиот мермер се создава со метаморфизам на многу чист (сиромашен со силициум) варовничка или доломитна пракарпа. Карактеристичните виуги и жили кај шарените мермери се должат на разни минерални примеси како глина, мил, песок, железни оксиди или рожнец што биле првично присутни во зрната или слоевите во варовникот. Зелените шари се јавуваат поради серпентинот присутен во варовник богат со магнезиум или доломитниот камен со силициумски примеси. Големиот притисок и топлина на метаморфизмот ги прераспоредува овие елементи и ги дава шарите на мермерот.[2]

Употреба[уреди]

Белиот мермер е мошне застапен во вајарството, градежништвото и облагањето уште од антиката. Ова се должи на неговата мекост, релативна изотропија и еднообразност, како и релативната отпорност на кршење. Има низок индекс на прекршување, што значи дека светлината ја пропушта во себе неколку милиметри пред да ја расее наоколу. Поради ова, мермерот има восочест изглед што му дава живост на она што е извајано од него.

Производство[уреди]

Производството на мермер го предводат четири земји, со вкупен удел од 14 од произведениот мермер и украсен камен во светот. Најголем производител е Италија (20%), проследена од Кина (16%), Индија (10%) и Шпанија (6%). Останатите земји ја сочинуваат другата половина од мермерот, каде се вбројува и Македонија.[3]

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]