Горна Бањица

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Горна Бањица е село во Општина Гостивар, во околината на градот Гостивар.



Горна Бањица
Горна Бањица is located in Македонија
Горна Бањица
Местоположба на Горна Бањица во Македонија
Координати 41°46′48″N 20°53′33″E / 41.78000° СГШ; 20.89250° ИГД / 41.78000; 20.89250Координати: 41°46′48″N 20°53′33″E / 41.78000° СГШ; 20.89250° ИГД / 41.78000; 20.89250
Општина Општина Гостивар
Население 4423 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 530 м
Commons-logo.svg Горна Бањица на Ризницата


Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во областа Горни Полог, оддалечено само 3 километри јужно од Гостивар. Речиси е споено со населбата Долна Бањица, која претставува дел од урбаната зона на Гостивар.

Историja[уреди | уреди извор]

Селото Горна Бањица се споменува во повеќе документи. Околу средината на 11 век византискиот цар Роман III го подарил на манастирот св. Горг кај Скопје, а тоа го потврдиле и бугарскиот владетел Константин Асен во 1265 година и кралот Милутин српски во 1300 година во нивните грамоти. Горна Бањица е наведена и во пописните дефтери од 1452/53 и 1467/68 година. Денешното село Горна Бањица лежи на средновековната локација во североисточното подножје на Градиштето, има стари гробишта и средновековно црквиште. Малку посеверно од него бил основан манастирот Гостивар, спомнат во црковните документи од 1318 и 1343 г. Покрај манастирот постепено се ширело истоимено село, кое во пописниот дефтер од 1452/53 г. броело 88 куќи, а во 1467/68 г. 108 куќи. Истото се развивало на сметка на соседната Долна Бањица, за на крајот да го достигне денешниот обем и значење како центар на Горниот Полог.[1]

На 11 ноември 1944 во Гостивар, во центарот на градот, албанските балисти стрелале шестмина македонски патриоти, меѓу кој и Васил Пејчиновски од Горна Бањица.

Економија[уреди | уреди извор]

Главна стопанска гранка на населението е земјоделството. Селото Горна Бањица во Македонија и на Балканот е позната по производството на висококвалитетниот црвен благ кромид, кој е најдоминантната полјоделска култура што се одгледува во селото, а која во минатото била извезувана и со товарни возови низ Македонија и Југославија.

Демографија[уреди | уреди извор]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 4.423 жители. Следува табела на националната структура на населението[2]

Националност Вкупно Проценти
Македонци 1.196 27,04 %
Албанци 1.636 36,98 %
Турци 1.243 28,10 %
Роми 315 7,12 %
Власи 0
Срби 4
Бошњаци 0
Други 29

Родови[уреди | уреди извор]

Горна Бањица е македонско-турско-албанско село.

Според истражувањата од 1940тите родови во селото се:

  • Македонци: Бибовци (3 к.) староседелци; Богојевци (3 к.) доселени се од некое село во Порече; Јовановци (1 к.) и Пејчиновци (1 к.) доселени се од селото Долно Јеловце.
  • Турци: Фетаовци (6 к.), Шабуљеј (7 к.), Табаковци (9 к.), Изовци (4 к.), Јакуповци (7 к.) и Чупче (7 к.) овие родови се поисламени и потурчени Македонци, мешајќи се со Турците го примиле турскиот јазик. Првите пет рода се староседелски, додека последниот род е доселен од селото Падалиште; Абазовци (1 к.), Сурче (1 к.), Усмановци 5 к.), Алиловци (3 к.), Кадриовци (1 к.), Салиовци (1 к.), Пале (1 к.) и Адовци (3 к.) овие родови потекнуваат од потурчени Албанци. Нивното потекло е од северна Албанија; Беџетовци (3 к.), Фазлијовци (13 к.), Реџеповци (4 к.), Расимовци (3 к.), Муратовци (5 к.), Меровци (5 к.), Сулејмановци (3 к.), Шабановци (6 к.), Исмаиловци (3 к.), Камберовци (3 к.), Оџовци (1 к.) и Даутовци (2 к.) потекнуваат од прави Турци. Нивното потекло е од Турција но не се знае кога се доселени, некои родови се дојдени преку турското село Коџаџик, дебарско.
  • Албанци: Куртишовци (2 к.), Селман (1 к.), Меметовци (5 к.), Тафовци (2 к.), Ќамил (1 к.), Малик (1 к.) и Шаиновци (2 к.) сите се доселени од северна Албанија. Некои преку други полошки села.[3]

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Во август 2015 година е формиран фудбалскиот клуб Трабзонспор кој во сезоната 2018/19 за прв пат игра во третата лига Запад.

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Од Македонците се знае за следните иселеници: Бацковци (3 к.) иселени се во поречкото село Заград. Олиовци (9 к.) иселени се во поречкото село Битово. Јаковчевци (5 к.) иселени се во селото Здуње. Иселеници има и во јужна Русија, каде иселениците создале истоимено село.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. И. Микулчиќ 1970, 85; истиот TIR, 57; — Т. Томоски 1970, 87—88; и 1976, 262
  2. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  3. 3,0 3,1 Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: САНУ. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]