Реч
Реч | |
Координати 41°47′05″N 20°38′11″E / 41.78472° СГШ; 20.63639° ИГД | |
Општина | Гостивар |
Население | нема жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | |
Надм. вис. | 1.245 м |
Реч на општинската карта Атарот на Реч во рамките на општината | |
Реч на Ризницата |
Реч — историско село во областа Река, северозападна Македонија, денес во атарот на с. Бродец, Општина Гостивар. Жителите биле Македоци-Шкрети од православна и исламска вероисповед, заведувани како „Албанци“.
Географија
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓало во областа Горна Река, во подножјето на Кораб по горното течение на Радика, меѓу остатоците на селата Штировица и Стрезимир.
Историја
[уреди | уреди извор]Во XIX век Реч е заведено како мешано христијанско-муслиманско „албанско“ (впрочем македонско) село во Реканската каза. Според „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ во 1873 г. Реч се води како село со 30 домаќинства, чии жители се 93 православни „Албанци“.[2]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото имало 150 жители „Арнаути“ христијани и 140 „Арнаути“ муслимани.[3]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Рече (Река) се води како чисто „албанско“ село од мешана (муслиманска и православна) вероисповед во Реканската каза на Дебарскиот санџак со 28 куќи.[4]
Според цариградскиот митрополит Поликарп Дебарски и Велешки во 1904 г. Реч имал 12 „српски“ куќи[5], иако ова несомнено е пропаганда. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. христијанското население на Реч (Retch) се состоело од 72 „Албанци“.[6]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]„Реч“ на Ризницата ? |
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995. стр. 174-175.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900. стр. 264.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 50.
- ↑ Записник на митрополитот Поликарп, 25 февруари 1904 г.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 184-185.