Симница
Симница | |
![]() Панорама на Симница | |
Координати 41°43′12″N 20°52′53″E / 41.72000° СГШ; 20.88139° ИГДКоординати: 41°43′12″N 20°52′53″E / 41.72000° СГШ; 20.88139° ИГД | |
Општина | Гостивар |
Население | 430 жит. (поп. 2002) |
Шифра на КО | 07072 |
Надм. вис. | 763 м |
![]() |
Симница — село во Општина Гостивар, Западна Македонија.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во општина Гостивар во ридско планинска област на јужнта страна од Полошката Котлина во подножјето на планината Бистра. Селото е населено со албанско население.Граничи со соседните села Сушица, Церово, Сретково, Горна Ѓоновица, Долна Ѓоноваца и Митрови Крсти, сите населени со македонско население освен Долна Ѓоновица.
Историја[уреди | уреди извор]
Стопанство[уреди | уреди извор]
Демографија[уреди | уреди извор]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 430 жители. Следува табела на националната структура на населението[1]
Националност | Вкупно |
Македонци | 0 |
Албанци | 424 |
Турци | 0 |
Роми | 0 |
Власи | 0 |
Срби | 0 |
Бошњаци | 0 |
останати | 6 |
Родови[уреди | уреди извор]
Симница е албанско село.
Според истражувањата од 1948 година, родови во селото:
Кодра маало
- Лубарда (7 к.) доселени се од селото Лумбарзи во Мирдита, северна Албанија. Џика (18 к.) доселени се од Матија во северна Албанија. Јонузолар (2 к.) доселени се од селото Долна Ѓоновица. Подалечно потекло од Љура во северна Албанија.
Кара маало
- Карај (16 к.) и Строплар (3 к.) доселени се од Булчиза во северна Албанија. Овде живеат од пред повеќе од 200 години.
Кетас маало
- Кетас (13 к.) доселени се од областа Матија во северна Албанија. Зеќир (1 к.) потекнуваат од домазет доселен од селото Балин Дол
Османлар маало
Али Идре маало
Шере маало
Цеона маало
- Цеоне (10 к.) доселени се од некое место во северна Албанија. Биче (1 к.) потекнуваат од домазет доселен од селото Равен.
- Авмете (7 к.) живеат во неколку маала измешани со другите. Они се понови доселеници од северна Албанија.[2]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Избирачко место[уреди | уреди извор]
Во селото постои избирачкото место бр. 512 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште. Во ова избирачко место е опфатено и селото Митрој Крсти.[3]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 503 гласачи.[4]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
Во селото до Втората светска војна постоеше манастир кој после ѕверското убиство на игуменот од страна на балистичките банди во 1944 г. Манастирот до темел запален и изгорен. Ден денес рушевините и остатоците од манастирот сведочат за дивјаштво на балистите предводени од симничанецот Џемо Хаса. На 14 септември секоја година на денот на манастирот до 1944 г. имало прослава и собир на православните христијани од околните села со народен собир со веселби кои траеле три дена. Во почетокот на последните десетгодини од минатиот век 1990 до 1999 г. постоеше иницијативa за возобновување на манастирот од страна на МААК.
- Археолошки наоѓалишта[5]
- Манастир — средновековна црква и некропола;
- Кај Црквата — средновековна црква и некропола;
- Верски објекти
- Стара џамија — прогласена за значаен споменик на културата
- Симнички манастир
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
- Џемаил Хасани - Џемо (1908-1945) - балист, водач на Бали Комбетар за гостиварско
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Трифуноски, Јован (1976). Полог: антропогеографска проучавања. Белград: САНУ.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069