Србиново
Србиново | |
![]() Поглед кон Србиново од планината Буковиќ | |
Координати 41°42′20″N 20°57′37″E / 41.70556° СГШ; 20.96028° ИГДКоординати: 41°42′20″N 20°57′37″E / 41.70556° СГШ; 20.96028° ИГД | |
Општина | Гостивар |
Население | 317 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1239 |
Шифра на КО | 07074 |
Надм. вис. | 845 м |
![]() |
Србиново — планинско село во Општина Гостивар, во околината на градот Гостивар. До 2004 година, селото претставувало административно седиште на поранешната истоимена општина.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Србиново се наоѓа во областа Горни Полог, на јужните падини на Сува Гора. Оддалечено е 14 километри јужно од градот Гостивар.
Историја[уреди | уреди извор]
Стопанство[уреди | уреди извор]
Население[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Србиново живееле 440 жители, сите Албанци.[2]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.039 жители, сите Албанци.[3]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 317 жители, од кои 270 Албанци и 47 лица без податоци.[4]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 440 | — | 772 | 868 | 897 | 1.074 | 1.162 | — | 983 | 1.039 | 317 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[5]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[6]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]
Родови[уреди | уреди извор]
Како едни од најстарите албански родови во селото се споменуваат родовите: Исо Туше (13 куќи) и Вандре (18 куќи). Потекнуваат од местото Булчи во северна Албанија, од двајцата браќа: Исо и Идо. Во Србиново дошле кон крајот на 18-от век.[9]
Србиново е албанско село.
Според истражувањата од 1947 година, родови во селото:
- Алије или Китовци (10 к.) доселени се од околината на Булчиза во северна Албанија. Они се најстар албански род во селото. Потекнуваат од предокот Алија. Тој имал двајца браќа Фазлија и Ферат. Од нив потекнуваат родовите Фаслије (10 к.) и Ферате (4 к.)
- Иса Туше (13 к.) доселени се од околината на Булчиза. Имаат роднини во селото Трново (Тушевци).
- Шанделе (8 к.) исто потекло како родот Иса Туше.
- Измете (14 к.) доселени се од околината на Тирана во Албанија.
- Диша (11 к.) они се најверојатно староседелци во селото.
- Гура (9 к.) доселени се од местото Гури во Љусна, северна Албанија.
- Тока (4 к.) доселени се од околината на Булчиза во северна Албанија.
- Бала (14 к.) доселени од истото место како и претходниот род.
- Жупање или Асане (5 к.) исто потекло како и претходните два рода. Имаат роднини во селото Чегране.[10]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Избирачко место[уреди | уреди извор]
Во селото постојат избирачките места бр. 521 и 521/1 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[11]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 1.165 гласачи.[12]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Археолошки наоѓалишта[13]
- Анови — средновековна црква и некропола;
- Баловско Маало — доцноантичка некропола;
- Ѕвездино Кале — утврдена населба од римско и доцноантичко време;
- Самоков — средновековна рударска населба;
- Црква — средновековна црква и некропола;
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.214.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Албанците во Македонија само од 1780 година, д-р Ристо Ивановски, Битола, 2014 г., 10 стр.
- ↑ Трифуноски, Јован (1976). Полог: антропогеографска проучавања. Белград: САНУ.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() |
„Србиново“ на Ризницата ? |