Бали Комбетар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Бали Комбетар (Национален фронт) била албанска националистичка и профашистичка организација, формирана во ноември 1942 г. во Aлбанија од страна на Италијанците, со помош на квислингот Мустафа Kруја. Организацијата ја раководеле големопоседниците, главно аги и бегови, бајрактари од Северна Aлбанија. Најважната парола со која добивале највеќе приврзаници била „создавање на голема Aлбанија“.

За борба против народноослободителните воени единици во Македонија и во Aлбанија, во март и септември 1943 г. склучиле сојуз со италијанската и германската војска, од кои подоцна добиле оружје и муниција. Kон крајот на 1943 г. го формирале Kосовскиот полк. Во Македонија, покрај воените дејства, балистите извршиле многубројни палежи, грабежи, силувања и убиства. Овие акции ги изведувале сами или во координација со италијанските и со германските воени сили. Во Македонија и во Србија биле наполно разбиени во 1944–1945 г.). Постоела се до капитулацијата на Италија (1943).[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Референци[уреди | уреди извор]

  1. Ѓорѓи Малковски, Политичките партии и организации во Македонија во Втората светска војна 1941–1944, Скопје, 2002.