Чегране
Чегране | |
Улица во селото | |
Координати 41°50′20″N 20°58′32″E / 41.83889° СГШ; 20.97556° ИГДКоординати: 41°50′20″N 20°58′32″E / 41.83889° СГШ; 20.97556° ИГД | |
Општина | Гостивар |
Население | 4.022 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1237 |
Шифра на КО | 07088 |
Надм. вис. | 555 м |
![]() |
Чегране (албански: Çegrani) — село во Општина Гостивар, во околината на градот Гостивар.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во подножјето на Сува Гора, во областа Горни Полог, оддалечено 7 километри северно од Гостивар.
Историја[уреди | уреди извор]
Во XIX век селото било дел од Гостиварската нахија во рамките на Тетовската каза, во Отоманското Царство. Од 1996 до 2004 година селото било седиште на истоимената Општина Чегране.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Население[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Чегране живееле 800 жители, сите Албанци.[2]
Според Афанасиј Селишчев во 1929 година, селото имало 234 куќи и 1.364 жители, сите Албанци.[3]
Според пописот од 2002 година, Чегране има 6.748 жители и претставува најголемото село во областа Горни Полог.[4]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 4.022 жители, од кои 3.832 Албанци, 1 Влав, 1 Бошњак и 188 лица без податоци.[5]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 800 | — | 2.474 | 2.825 | 3.216 | 4.317 | 5.639 | 64 | 6.743 | 6.748 | 4.022 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]
Родови:[уреди | уреди извор]
Чегране е албанско село. Како еден од најстарите албански родови во селото се среќава родот Мујарлар, кој потекнува од Суви Дол во околината на Пешкопеја, а се доселил кон крајот на XVIII век. Потоа во селото живее и родот Бичак (5 куќи), кој се доселил во првата половина на XIX век од околината на Елбасан.[10]
Според истражувањата од 1940-тите, родови во селото се: Лике (27 к.), Бализе (26 к.), Мујалар (33 к.), Ане (10 к.) Љапе (13 к.), Гуре (7 к.), Токе (4 к.), Пере (17 к.), Жупање (12 к.), Селиште (7 к.), Кољовере (3 к.), Пелелесе (9 к.), Веше (18 к.), Љуше (6 к.), Љоке (4 к.), Карај (5 к.), Салак (7 к.), Ратаје (4 к.), Кече (2 к.), Коме (6 к.), Чорокан (7 к.), Веш (1 к.), Џеле (6 к.), Цане (5 к.), Сефере (3 к.), Бакље (6 к.), Гуде (4 к.), Грк (1 к.), Хоте (1 к.), Фида (1 к.), Чинке (3 к.), Сакол (10 к.) и Баке (9 к.). Најголемиот дел од родовите се доселени од разни места во северна Албанија (Дебар, Булчица, Пешкопеја, Љума, Лушње). Сите се доселени до средината на XIX век. Единствено родот Грк е со непознато потекло, можеби се од Грција?; Ќосевци или Диневци (13 к.) се поалбанчени Македонци. Гранка се од православниот род Ѓокевци кои живеат во селото Волковија. Право потекло им е од Крушевско; Кољовци (9 к.) и за нив се зборува дека се поалбанчени. Потекло имаат од некаде од Албанија (Лушње) во Албанија и биле православни; Оџа (1 к.), Маџаре (3 к.), Дане (2 к.) и Љанге (6 к.) тие се од турско потекло. Родот Маџаре е дојден од Бугарија; Резан (1 к.) и Џемаил (1 к.) се од ромско потекло. Доселени се од Тетово.[11]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Избирачко место[уреди | уреди извор]
Во селото постојат избирачките места бр. 504, 504/1, 505, 505/1, 506, 506/1, 507, 507/1, 508, 508/1 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[12]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 6.987 гласачи.[13]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
- Имер Имери (1942 - 2008) — политичар, основач на ПДП и потписник на Охридскиот рамковен договор.
- Мерсел Биљали (р. 20 февруари 1956) — политичар, професор и аналитичар, продекан на ФОН[14]
- Зени Хусмани (р. 28 ноември 1990) — македонски и хрватски фудбалер
- Шефајет Хајдари (р. 27 ноември 1967) — судија
- Милаим Фетаи (р. 11 јули 1958) — политиколог
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
- ФК Арсими — фудбалски клуб, основан 1973 г.[15]
- КУД „Јахи Хасани“ — културно-уметничко друштво;
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
![]() |
„Чегране“ на Ризницата ? |
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.214.
- ↑ Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. – София, 1929, стр.26.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Албанците во Македонија само од 1780 година, д-р Ристо Ивановски, Битола, 2014. стр. 11
- ↑ Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: САНУ.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Мерсел Биљали“. Собрание на Република Македонија. Посетено на 2010-04-17.
- ↑ „Arsimi“. macedonianfootball. Посетено на 2013-02-18.