Горна Ѓоновица
Горна Ѓоновица | |
![]() Поглед на дел од селото Горна Ѓоновица | |
Координати 41°42′30″N 20°54′29″E / 41.70833° СГШ; 20.90806° ИГДКоординати: 41°42′30″N 20°54′29″E / 41.70833° СГШ; 20.90806° ИГД | |
Општина | Гостивар |
Население | 8 жит. (поп. 2002) |
Шифра на КО | 07022 |
Надм. вис. | 765 м |
![]() |
Горна Ѓоновица (дијалектно: Горна Ѓоноица) — село во Општина Гостивар, во областа Горни Полог, во околината на градот Гостивар.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото е сместено во подножјето на планината Буковиќ, јужно од градот Гостивар, во областа Горни Полог.
Историја[уреди | уреди извор]
Во XIX век, селото било дел од Гостиварската каза на Отоманското Царство.
Население[уреди | уреди извор]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 8 жители, сите Македонци од христијанска вероисповед. Следува табела на народносната структура на населението[1]
Народност | Вкупно |
Македонци | 8 |
Турци | 0 |
Роми | 0 |
Албанци | 0 |
Власи | 0 |
Срби | 0 |
Бошњаци | 0 |
останати | 0 |
Родови[уреди | уреди извор]
Горна Ѓоновица е македонско село.
Според истражувањата од 1947 година, родови во селото:
- Староседелци: Атанасковци (14 к.) се делат на Пандиловци, Србиновци и Ристовци. Атанасковци потекнуваат од предокот Ѓоне. Го знаат следното родословие: Миладин (жив на 77 г. во 1947 година) Синадин-Никола-Цветан-Атанаско-Ѓоне, основачот на родот. Имаат иселеници во Гостивар и Белград.
- Доселеници: Никовци (12 к.) потекнуваат од некое село во близина на Мавровско Езеро. Го знаат следното родословие: Драган (жив на 27 г. во 1947 година) Смилко-Нестор-Анѓеле-Ѓоре-Нико. Споменатиот предок Нико од старото место се иселиле најпрво во кичевското село Тајмиште. Од таму преминал во Горна Ѓоновица. Нико имал тројца синови, Ѓоре, Јане и Иван. Овој род сега се дели на Ѓоревци, Јовчевци, Николовци и Сарџевци. Изумреле Арсевци, кои потекнувале од синот на Нико, Јане. Од ова село Никовци имаат иселеници во Гостивар (две семејства), Тетово (едно семејство) и во Америка (едно семејство); Тримчевци (2 к.) и Гавевци (2 к.) доселени се од селото Ботушје во Порече. Таму имаат роднини. Имаат иселеници во Смедерево (едно семејство) и во Гостивар (едно семејство); Митре (1 к.) доселени се од Куново; Русе (1 к.) доселени се од Печково.[2]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Избирачко место[уреди | уреди извор]
Селото е опфатено во избирачкото место бр. 513 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште на селото Долна Ѓоновица.[3]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 256 гласачи.[4]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
Галерија[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Ф. Трифуноски, Јован (1976). Полог (антропогеографска проучавања) (српски). Српска академија наука и уметности. стр. 209–211.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
Горна Ѓоновица на Ризницата ?