Форино

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Форино е село во Општина Гостивар, во околината на градот Гостивар.

Форино
Forino GV 07.JPG

Сред село

Форино is located in Македонија
Форино
Местоположба на Форино во Македонија
Координати 41°49′27″N 20°57′45″E / 41.82417° СГШ; 20.96250° ИГД / 41.82417; 20.96250Координати: 41°49′27″N 20°57′45″E / 41.82417° СГШ; 20.96250° ИГД / 41.82417; 20.96250
Општина Општина Гостивар
Население 4.652 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 730 м
Commons-logo.svg Форино на Ризницата


Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Историja[уреди | уреди извор]

Форино е старо село. До почетокот на 20ти век во селото имало и Македонци, кои целосно се иселиле од селото. Во пишаните извори селото се спомнува во периодот 1461, 1462 година.[1]

Економија[уреди | уреди извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Форино живееле 590 жители, од кои 560 Албанци и 30 Македонци.[2]

Според Афанасиј Селишчев, во 1929 година Форино е село во Чегранска општина во Горнополошкиот срез и има 129 куќи и 820 жители, Албанци и Македонци.[3]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 4.652 жители. Следува табела на националната структура на населението:[4]

Националност Вкупно
Македонци 0
Албанци 4.624
Турци 0
Роми 0
Власи 0
Срби 1
Бошњаци 1
Други 26

На табелата е прикажан бројот на население низ сите пописни години:[5]

Година 1900 1929 1948 1953 1961 1971 1981 1994 2002
Население 590[2] 820[3] 1.523 1.726 2.043 2.831 3.637 4.047 4.652

Родови[уреди | уреди извор]

Форино е албанско село, а имало и Роми во селото.

Според истражувањата од 1940тите родови во селото се:

  • Албанци: Ферука (11 к.), Шеке (27 к.), Мерче (25 к.), Љуте (8 к.), Матњан (11 к.), Бобаре (7 к.), Љоке (27 к.), Даке (13 к.), Шике (4 к.), Чупе (4 к.), Љоке (7 к.), Селе (16 к.), Бајруше (3 к.), Чаракли (2 к.), Билче (4 к.), Љаке (2 к.), Саке (3 к.), Браим Сенокос (1 к.), Шабан (1 к.), Рауф Асан (1 к.), Зибер (1 к.) и Бајрам Нуи (1 к.). Потеклото на наведените родови е од северна Албанија (Дебар, Љума, Љусна, Матија, Пешкопеја, итн). Родовите со помалку домаќинства потекнуваат од предци доселени од околните села како домазетовци, но и нивното подалечно потекло е од северна Албанија.
  • Роми: Мамутовци (4 к.), Емин Осман (1 к.) и Адем Ариф (1 к.). Првите два рода се доселени од дебарско. Додека третиот род е доселен со непозната старина.[1]

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Историja[уреди | уреди извор]

Археолошки локалитети[6]
  • Леска - средновековна населба;
  • Калдрма - средновековна населба;
  • Рудина - населба и некропола од доцноантичко време;
  • Селиште - средновековна населба;
  • Томе Брез - некропола и тумул од железно време;
  • Глаица - населба од доцноантичкото време.

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

  • Зуди Емини (1958 - 19 јули 2010) - македонски политичар, пратеник во македонското Собрание[7]
  • Талат Џафери (р.15 април 1962) - македонски политичар, претседател на македонското Собрание[8]
  • Зирап Лимани (19 јули 1953) - македонски правник, судија на Врховниот суд на Македонија[9]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

До почетокот од 20ти век Македонците целосно се иселиле од селото Форино. Денес се знае за неколку рода кои порано живееле во Форино, но морале да се иселат, така познати се следните рода со потекло од Форино: Форинци (2 к.) иселени се во селото Зубовце. Од Зубовце се иселил нивниот предок Ристо. Јакофовци се иселиле прво во Тумчевиште, па потоа во Тетово, каде изумреле. Некоја Вељаница со нејзините деца се иселила во Тетово. Стојан се иселил некаде. Синадин од Форино се иселил во Чегране како слуга, тој потоа си ја променил верата, и умрел околу 1912. Топаловци од Милетино имале некои роднини во Форино кои се иселиле некаде. Манасија со неговите деца бил последниот Македонец кој се иселил од селото. Се спомнувало и за македонски девојки мажени во околните села: Тумчевиште, Волковија, Куново, Градец (некоја Биљана која умрела околу 1907 год).[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: САНУ. 
  2. 2,0 2,1 Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.214.
  3. 3,0 3,1 Селищев, Афанасий. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. – София, 1929, стр.26.
  4. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  5. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  6. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  7. „Зуди Емини“ (македонски). Собрание на Република Македонија. конс. 2010-04-18. 
  8. „Талат Џафери“ (македонски). Собрание на Република Македонија. конс. 2010-04-18. 
  9. „Судија Зирап Лимани“ (македонски). Врховен Суд на Македонија. конс. 2010-04-18. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]