Сушица (Гостиварско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Сушица
Sushica-Gostivar-houses-MK.JPG

Стари македонски куќи во селото Сушица

Сушица is located in Македонија
Сушица
Местоположба на Сушица во Македонија
Координати 41°45′33″N 20°52′35″E / 41.75917° СГШ; 20.87639° ИГД / 41.75917; 20.87639Координати: 41°45′33″N 20°52′35″E / 41.75917° СГШ; 20.87639° ИГД / 41.75917; 20.87639
Општина Општина Гостивар
Население 8 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 680 м

Сушица е село во Општина Гостивар, во околината на градот Гостивар.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во Горен Полог од десната страна на реката Вардар во нејзиниот изворишен дел. Сушица е ридско село сместено на надморска височина од 680 метри. Сушица е одалечена околу 6 километри јужно од градот Гостивар. До 2004 година селото беше под општината Долна Бањица. Највисока точка во селото е врвот “ВИКАЛО“кој се наоѓа над месноста „КЛЕН„ со околу -950-метри надморска височина на јужната страна од с.Сушица.Источно од местоположбата на селото тече Сушичка река која во летниот период Јули,Август,Септември пресушува.Низ сушички атар поминува во должина од 7-километри а цела нејзина должина од изворот во с.Ново село до влевањето во река Бањешница во с.Долна Бањица а потоа во река Вардар изнесува околу 15-километри.Во пролет и после силни дождови редовно ги поплавува нивите по целото течение.

Црквата Свети Никола во селото Сушица

Историja[уреди | уреди извор]

Селото Сушица постои уште од средновековниот период, а доказ за тоа е средновековната црква Свети Никола во Горното Маало. Во периодот на османското ропство во Сушица не е забележано населување на турско, албанско или муслиманско население или пак исламизација. Селото до ден денеска е населено исклучиво со Македонци од православна вероисповед. Во втората половина на XIX век како и повеќето македонски градови и села, не го одминуваат соседните национални пропаганди, па така и ова село се поделува на Горно маало под бугарската егзархија чии жители биле пробугарски настроени и Долно маало со просрпски настроени жители. Ваквата поделеност довела до брзо и силно национално освестување на Македонците од ова село, дека не се ниту Срби, ниту Бугари, туку дека се Македонци. Во текот Илинденското востание и на Втората светска војна селото дало повеќе македонски борци.Како најпознат и единствен Сушичанец кој го бранел селото од турските башибозуци и арамии во средината и крајот на 19-век се споменува Кузман Трпески кој бил немилосрден кога селаните биле напаѓани од турците.Во неколку наврати Турците се обиделе да го запалат селото, а посебно неговата куќа (која и ден денес постои во селото како жив доказ со трагите од обидите за спалување) но не успеале од неговиот жесток оружен отпор во кој Турците имале и жртви.Наследници на Кузман Трпески од село Сушица и ден денес живеат во селото и во Гостивар.

Економија[уреди | уреди извор]

Населението во селото, се занимава главно со земјоделство особено со одгледување на познатиот гостиварски (бањички) црвен (благ) кромид, кој во минатото се извезувал и со вагони низ цела Македонија и пошироко. Застапено е и овоштарството, а во помала мера и сточарството. Поради опкруженоста со густи листопадни шуми, во селото се развиени и шумарството и дрвосечата. Поради непосредната близина со градот Гостивар, селото е економски поврзано со градот.

Покрај горенаведеното во селото егзистираат пет семејства од производство на мед т.е. пчелари кои произведуваат ретко квалитетен мед. Најпозната фамилија пчелари се во Горното маало од семејството на Тофилоски Мирослаф, Рампе и Вељан кои се заинтересирани да пласираат и мед со “Сушички бренд“.

Демографија[уреди | уреди извор]

Според пописот од 2002 година селото Сушица, брои 8 жители, сите Македонци од христијанска веросиповед. Селото бележи постојан пад на бројот на своето население (26 жители во 1994 година) и е во фаза на наполно раселување. Поради близината на Гостивар и околу 120-семејства кои живеат во Гостивар селото секојдневно се посетува од Сушичани и во последно време прераснува во туристичка населба.Во селото од 2003 постои фиксна телефонија и нова трафостаница која ги задоволува потребите на селаните кои за жал постојано ги има седум семејства со 12-жители. Следува табела на националната структура на населението[1]

Националност Вкупно
Македонци 8
Турци 0
Роми 0
Албанци 0
Власи 0
Срби 0
Бошњаци 0
Други 0

Родови[уреди | уреди извор]

Сушица е македонско село.

Родови во селото се: Огњановци (2 к.), Грујовци (2 к.), Крстевци (4 к.) и Неделковци (13 к.) староседелци. порано живееле во Куќиште, а таму дошле од Русино, раселено село во атарот на Сушица; Лазаровци (11 к.) доселени се од Лазарополе. Ја знаат следната генеологија Иван (жив на 60 год. во 1940тите) Кузман-Трпе-Трајан-Атанаско-Стаме, основачот на родот кој се доселил; Милевци (2 к.) и Скакулевци (4 к.) доселени се од селото Железна Река.[2]

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Во селото постојат 2 цркви. Свети Никола која е поголема и понова во Горното маало и средновековната црква Свети Никола викана Долна Цркава кај поранешното село Сушица кое се наоѓало кај Долната црква во месноста “КУЌИШТА“ веднаш преку Сушичка река каде постои и еден крст висок 2-а-широк 1,5.м.исклесан од бигорен камен и поставен веднаш до патот на јужната страна од црквата. Во минатото во селото работело и училиште.


Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Во селото не постојат записи за случувањата во минатото.Во црквата Св.Никола постои една стара тетратка во која што постои евиденција на наталитетот и морталитетот во селото но тоа е запишано во времето додека Македонија била под српско ропство од 1913.година до ослободувањето во 1945.год.Таа евиденција е водена од свештениците кои верски го опслужувале селото.После 1945.г. нее целосно евидентиран наталитетот и морталитетот во селото поради еднопартискиот систем во тогашната Југославија и положбата на црквата во тоа време.Во таа тетратка недостасуваат поголем број на страници кои се искинати од несовесни Сушичани кои барајќи корени за нивното потекло наместо да ги препишат податоците тие ги кинеле и ги земале со себе. Во овој период Сушичани се политички определени помеѓу неколку Македонски политички партии во двата блока на Македонската демократска плуралистичка политика. За случувањата во селото историјата е запамтена со кажувања од колено на колено од постарите на помладите генерации.Повеќе податоци за селото се наоѓаат во архивот на Македонија во Тетово. Во моментов најстара Сушичанка е Кузманоска Загорка стара 96.г.живее во Змајево близу до Нови Сад во Р.Србија почина во мај месец 2014,г,малку пред стотиот роденден, додека најстар Сушичанец е Димоски Гаврилоски Блажер.1923.г.почина есента 2010.г..

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Во 2007/08-год во селото изграден е нов објект за месната заедница во кој ќе се користи за состаноци, продавница за колонијал и бифе. Пред овој објект да се изгради постоеше стар објект за месната заедница таканаречено „ФРОНТОСКО„ кое беше во дворот на основното четиригодишно ушилиште „Гоце Делчев„ но денес е само рушевина. Во 2002,година во селото се случи еден голем културен настан и освежување на старата архитектура во селото од страна на фамилијата Најдевци од долното маало кои ја реновираа својата стара семеејна куќа изградена во 1862.г...

Цркви[уреди | уреди извор]

во времето од 2006 до 2013.г. На 20-05-2014.г.Црквата е осветена. На чинот на осветувањето присуствуваа голем број на верници Сушичани од селото,Гостиварско и од диаспората како и православни верници од цела Македонија.Освтувањето го изврши новиот владика на полошката архиепископија г.Јосиф кому му беше прво осветување на православрн храм . После после имаше сенародна веселба со песни и ора.

  • Црква Свети Никола (долно црквиче) - се наоѓа североисточно од селото на околу 400-метри на локалниот пат за село Це-

рово.Црквата потекнува од 18-век,постојат гробови во склоп на црковниот двор од починати Сушичани кои до 1871,г, живее- ле во селото кое тогаш се простирало на двете страни од Сушичка река веднаш до црквата.

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Во селото Сушица се слават повеќе празници меѓу тие празници највеќе е посетен верскиот празник „Водици“, кој се слави три дена и тоа на 17/18 и 19 јануари секоја година, кога во црквата Свети Никола во селото се собираат скоро сите Сушичани од Гостиварско, Скопско и од цела Мекедонија, како и некои семејства од Србија кои сѐ уште имаат контакт со селото. На овој празник стариот кум го предава крстот на новиот кум. Потоа следува веселба и гозба со песни и музика која ја приредува новиот кум. На тој празник во селото се присутни околу 200-Сушичани. Ден пред централната прослава старите и новите кумови ги посетуваат сите семејства во селото секоја куќа и се пречекуваат со посен грав разни туршии,греана Сушичка ракија и црно вино. Кумовите тој ден го поминуваат низ селото и често пати се поднапиваат и се многу весели, штркаат со босилек и со вода низ имотите на Сушица а во котелот со вода домаќините им оставаат вода и ситни метални пари.

Втор голем празник каде што се собираат селаните во селската црква е Велигден. На овој празник во селската црква се палат свеќи, потоа меѓусебно си го честитаат празникот се кршкаат со црвени Велигденски јајца, се пие ракија која ја честат лицата кои го носат името на празникот. Потоа се врши наддавање на подароци кои се оставени за здравје во црквата а собраните пари остануваат во црквата Во попладневните часови на селското фудбалско игралиште “ШАРКОАРАВ“ се игра фудбалски натпревар за печено јагне помеѓу екипите на помладите и постарите Сушичани. Во 60, 70-тите години од минатиот век, на овие празници имало и продавачи на шекерни производи и зашеќерени сушички јаболка.

Личности[уреди | уреди извор]

  • Љубомир Шаревски Кирјаковски (1923-2007) - македонски патриот партизан во Втората светска војна, учесник во ослобдувањето на Скопје и еден од основачите на Здружението за обнова на црквата „Св.Богородица“ во Скопје во 1991 година.
  • Младен Србиновиќ (1923-2009) - македонски академски сликар кој живее во Белград, член на ДЛУМ имал повеќе ликовни изложби во Македонија, најчести мотиви во своето творештво му е родното село и родниот крај, слики од Македонија, и македонските народни носии и архитектура.
  • Иван Трпески р.1953.г.писател поет со освоено прво место на конкурс на МРТВ-за песната “Машината„

со напишани повеќе збирки песни кои за жал поради финансиски средства не се печатени.

  • Иван Маркоски р.1948.г. дипломиран хемиски инжињер, познат бизнисмен во Р.Македонија и на Балканот сопственик на РО“ХЕМИНГ“-Гостивар.
  • Гојко Карафилоски ветеринар доктор по науки од ветеринарство моментално живее и работи во Пљевље во Република Црна Гора.
  • Горан Трпески р.05-04-1981.г.вокал во музичката група “ФАВОРИТИ“ од Гостивар.
  • Чедомир Тофилоски физичар по атомска енергија вработен во институтот “ВИНЧА“-Белград Р.Србија.

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Сушичани немале регистрирани спортски екипи. Учествувале на многу турнири во фудбал организирани во с.Сушица како и во околните комшиски села: Митрови Крсти, Церово и имаат освоено највише први места. Како најдокажана генерација која дала најдобро фудбалери кои ги постигнале овие резултати се смета генерацијата од 1950 - 1960.г. од кои доста играле и во регионални и општински фудбалски лиги во Гостиварско и пошироко.Фудбалери кои играле во фудбалски клубови во Гостиварско се: Јакимоски Ѓино во ФК-Гостивар,ФК-Силика и ФК-Мермери од с.Г.Бањица,Карафилоски Владимир,Петровиќ Дејан и Трпески Никола во ФК-Мемери од с.Горна Бањица. Од постарата генерација на фудбалери познати се Јакимоски Ратко,Јакимоски Боге (гичо) Каранфилоски Славе, Кузманоски Арсе, Димоски Гојко (шенола), Исајлоски Слободан,Исајлоски Новак, Мерџаноски Даме и братму Јовче, Ќирески Стефан и др.Во 1972.г. Во село Вруток одигран е натпревар помеѓу Сушица и Вруток на стадионот во месноста “Краста“.Вруток имаше во тоа време регистрирано ФК-Вардар кој се натпреваруваше во трета Полошкиот регион додека Сушица немаше регистриран ФК.Нтпреварот заврши нерешено 2:2- Најдобар играч на натпреварот беше голманот на Сушица Иван Трпески. Во последните минути на натпреварот Неделкоски Лубе не реализираше пенал за Сушица.

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Од крајот на 19 век, целиот 20 век, па и до ден-денес, населението од Сушица одело на печалба. Каде што работеле постигнале доста успех така што таму првин работеле како наемни работници, а потоа скоро сите исселени Сушичани отворале свои дуќани, претежно фурни и слаткарници, така што до ден-денес нема фамилија од селото што нема роднини скоро во сите поголеми градови во Србија, Црна Гора, Бугарија, како и во поразвиените запдни Европски држави, Австралија и Америка.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  2. Ф., Трифуноски, Јован (1976). Полог : антропогеографска проучавања. Srpska akademija nauka i umetnosti. OCLC 5846115. http://worldcat.org/oclc/5846115. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]