Беловиште (Гостиварско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Беловиште
Беловиште во рамките на Македонија
Беловиште
Местоположба на Беловиште во Македонија
Беловиште на интерактивна карта

Координати 41°46′32″N 20°56′8″E / 41.77556° СГШ; 20.93556° ИГД / 41.77556; 20.93556Координати: 41°46′32″N 20°56′8″E / 41.77556° СГШ; 20.93556° ИГД / 41.77556; 20.93556
Општина Гостивар
Население 1.208 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 07004
Надм. вис. 824 м
Беловиште на општинската карта
Беловиште во Општина Гостивар.svg

Атарот на Беловиште во рамките на општината
Commons-logo.svg Беловиште на Ризницата
Улица низ селото
Манастирската црква „Св. Атанаиј“
Црквата „Св. Спас“

Беловиште (познато и како Големо Турчане) — село во Општина Гостивар, во околината на градот Гостивар

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Историја[уреди | уреди извор]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948769—    
1953892+16.0%
19611.042+16.8%
19711.245+19.5%
19811.507+21.0%
ГодинаНас.±%
1991930−38.3%
19942.440+162.4%
20022.267−7.1%
20211.208−46.7%

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 2.267 жители и претставува голема населба.[2]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.208 жители, од кои 216 Македонци, 911 Албанци, 2 Турци и 79 лица без податоци.[3]

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[4]

Година Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. б.п. Вкупно
1948 769
1953 381 508 2 1 892
1961 469 563 1 4 5 1.042
1971 363 879 1 1.245
1981 233 1.261 13 1.507
1991 867 51 10 2 930
1994 950 1.461 21 8 2.440
2002 832 1.418 5 3 1 11 2.267
2021 216 911 2 79 1.208

Родови[уреди | уреди извор]

Беловиште е македонско-албанско село.

Според истражувањата од 1947 година, родови во селото се:

Македонци:

  • Староседелци: Аливеровци (13 к.) имаат иселеници во Кралево (едно семејство); Јанкуловци (10 к.) ја знаат следната генеологија Трпе (жив на 45 г. во 1947 година) Ристе-Трпе-Наумче-Јанкула. Имаат иселеници во Гостивар (едно семејство) и во Балин Дол; Џановци (3 к.) имаат иселеници во Балин Дол и во Романија (едно семејство);Богојевци (1 к.), . имаат иселеници во Гостивар (едно семејство), Ѓорче Петров (едно семејство) и во Белград (едно семејство); Миајловци (2 к.), имаат иселеници во Обреновац (едно семејство) и во Романија (едно семејство); Миленковци (1 к.), имаат иселеници во Скопје (едно семејство), Белград (едно семејство) и во Америка (едно семејство); Лековци (8 к.), имаат иселеници во Белград (две семејства) и во Истанбул (едно семејство); Меновци (5 к.), имаат иселеници во Белград (едно семејство) и во Куршумлија (едно семејство); Грубевци (1 к.), го знаат следното родословие: Русалим (жив на 65 г. во 1947 година) Милисав-Богдан-Крсте-Грубе;Јанчевци (2 к.), . имаат иселеници во Скопје (едно семејство), Гостивар (едно семејство) и во Романија (три семејства);Иљковци (1 к.), ;
  • Доселеници: Смилевци (2 к.) доселени се од селото Требош, Тетовско; Стојчевци (2 к.) доселени се од некое полошко село. Имаат иселеници во Белград (едно семејство); Манасиовци (4 к.) доселени се однекаде; Петревци (1 к.) доселени се од селото Волковија, таму припаѓале на родот Грубановци; Сиљановци (1 к.) доселени се од селото Чајле, потекнуваат од домазет. Имаат иселеници во Скопје (едно семејство); Симјановци (1 к.) потекнуваат од домазет доселен од селото Куново, таму припаѓале на родот Костовци; Јановци (1 к.) доселени се од селото Долна Бањица, таму имаат истоимени роднини, право потекло од селото Пожаране;

Албанци:

  • Доселеници: Кетовци (14 к.), Салаковци (9 к.), Неловци (14 к.) и Дрецовци (1 к.) сите родови се доселени од разни места во северна Албанија. Последниот род е доселен преку друго полошко село.[5]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

= Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постојат избирачките места бр. 428, 429 и 430 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[6]

На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 2.527 гласачи.[7]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[8]
Археолошки наоѓалишта[9]
  • Св. Спас — вила рустика од доцната антика;
  • Копач — населба од римско време;

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

  • Страше Боев Груев, македоно-одрински доброволец, 28-годишен, бозаџија, IV отделение, 1 рота на 2 скопска дружина, носител на орден „За храброст“ IV степен[10]
  • Хенрика Стасијак Ѓиновска (р. 1963) - полска и макеоднска славистка;[11]
  • Неим Селмани (р. 1947) - македонски политичар. Пратеник во Собранието;
  • Ферид Садику (р. 1942) - македонски политичар. Пратеник во Собранието;

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  3. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  4. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
  5. Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: САНУ.
  6. „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
  7. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  8. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  9. Коцо, Димче(1996).Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  10. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 188.
  11. Henryka Stasiak-Gjinovska

Надворешни врски[уреди | уреди извор]