Стрезимир

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Стрезимир
Караула „Стрезимир“.jpg

Караулата „Стрезимир“

Стрезимир is located in Македонија
Стрезимир
Местоположба на Стрезимир во Македонија
Координати 41°48′24.0″N 20°37′08.9″E / 41.806667° N; 20.619139° E / 41.806667; 20.619139Координати: 41°48′24.0″N 20°37′08.9″E / 41.806667° N; 20.619139° E / 41.806667; 20.619139
Регион Logo of Polog Region.svg Полошки
Општина Coat of arms of Gostivar Municipality.svg Гостивар
Област Горна Река
Население 0 жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 1256
Повик. бр. 042
Шифра на КО
Надм. вис. 1208 м
Стрезимир на општинската карта
Стрезимир во Општина Гостивар.svg

Атарот на Стрезимир во рамките на општината
Commons-logo.svg Стрезимир на Ризницата


Стрезимир — историско село во областа Горна Река, денес во атарот на селото Бродец, Општина Гостивар. Денес, во месноста се наоѓа караулата на граничната полиција и е почетна точка за планарските друштва за искачување на Кораб.

Жителите биле Македонци-Шкрети од православна и исламска вероисповед, заведувани како „Албанци“.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Атар на Бродец со историските села Стрезимир, Штировица, Реч и Баратица

Остатоците од селото се наоѓаат во областа Горна Река, на подножјето на Кораб, по горното речение на Радика.

Денес, селото влегува во атарот на Бродец, поради што припаѓа на Општина Гостивар, иако единствениот пат до него е преку Трница или Маврови Анови.

Во близина на селото постои времен граничен премин Стрезимир-Рестелица.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

На почетокот на XIX век Стрезимир, како и останатите горнорекански села, бил во фаза на активна албанизација. Во 1844 година, Атанасиј Ивановски од Стрезимир дал средства кон издавањето на книгата „Првоначална наука за должностите на човекот“ од швајцарскиот деец Франческо Соаве.[2] Симон и Стефан Трифуновски од Стрезимир во 1879 гдина учествувале во Македонското востание во четата на Ѓорѓија Пулевски.[3]

На крајот од XIX век Стрезимир било мешано христијанско-муслиманско „албанско“ (впрочем македонско) село во Реканската каза.

Селото било уништено за време на војните 1912-1918 година.[4]

Население[уреди | уреди извор]

Според „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, во 1873 г. селото (Strézorive) имало 40 домаќинства со 136 православниАлбанци“.[5]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Стрезимир имал 180 жители „Арнаутихристијани и 56 „Арнаути“ муслимани.[6]

Според цариградскот митрополит Поликарп Дебарски и Велешки во 1904 г. во Стрезимир имало 14 „српски“ куќи[7], иако ова несомнено е пропаганда. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година христијанското население на Стрезимир (Strezimir) се состои од 84 „Албанци“.[8]

Во следниот период врз христијанското население на селото успешно дејствувала српската пропаганда, и според статистиката на весникот „Дебарски глас“ во 1911 г. во Стрезимир има 26 „Албанци“, припадници на српската црква (Пеќската патријаршија).[9]

Во Стрезимир живеело мешано население, сите со потекло од истоимено село во Албанија.[4]

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во селото

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Граничниот премин Стрезимир-Рестилица од денеска до 20 август пуштен за преминување“. Посетено на 2020-05-26.
  2. Селищев А.М. „Славянское население в Албании“, София, 1931, стр. 13.
  3. Кирил, патриарх Български. Съпротивата срещу Берлинския договор. Кресненското въстание, БАН, София, 1955, стр. 293.
  4. 4,0 4,1 Смиљаниќ; Тома (1925). Mijaci, Gorna Reka i Mavrovsko Polje. Белград: Српска кралска академија. OCLC 28398861.
  5. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995. стр. 174-175.
  6. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900. стр. 264.
  7. Записник на митрополитот Поликарп, 25 февруари 1904 г.
  8. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 184-185.
  9. Дебърски глас, година 2, брой 38, 3 април 1911, стр. 2.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]