Голем Кораб

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Голем Кораб
Maja e Korabit
Korab.jpg
Висина 2 764 м
Местоположба Македонија, Албанија
Венец Кораб
Прво освојување непознато

Голем Кораб — највисокиот врв на планината Кораб и воедно највисок врв во Република Македонија. Се наоѓа на границата меѓу Македонија и Албанија. Геолошкиот состав го прават филитоидни карпи, а во подножјето се јурски варовници. Врвот е остар, карпест, оголен и од него се протега извонреден панорамски видик.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Republički zavod za statistika (1995) (на англиски). Statistical yearbook of the Republic of Macedonia. Zavod.