Бел Врв

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Бел Врв
Бел Врв (Кораб) 02.jpg
Висина 2.532 м
Местоположба Македонија Македонија
ВенецКораб
Прво освојувањенепознато

Бел Врвврв во северниот дел на главниот срт на протегање на планината Кораб, во Република Македонија. Неговата надморска височина изнесува 2.532 метри[1].

Местоположба[уреди | уреди извор]

Се наоѓа во северниот дел на планината на главниот срт, во близината на границата меѓу Македонија и Албанија, но сепак целосно припаѓа на македонска територија, бидејќи граничната линија се протега на повеќе стотици метри на запад. Според местоположбата на врвот Црна Чука се наоѓа на координатите 41°48'16" северна географска широчина и 20°34'52" источна географска должина[1], западно од селaта Нистрово[2] и Жужње над караулата „Победа“ и долината Беланџа во најгорниот дел на долината на Радика. Поточно, Бел Врв е сместен непосредно помеѓу врвот Црна Чука (2572 м) на север и високопланинскиот превој Голема Корапска Врата (2060 м.) и долината на реката Штировица непосредно на југ, додека кон исток се отвора долот Беланџа во најгорниот дел на долината на Радика, а кон запад длабокиот дол под Радомир (Радомирска Река) во Албанија. Се одликува со доста впечатлив грамаден изглед со стрмни падини на кои има изразито бели карпи и сипари (камењари) со раздробени бели камења при што особено се истакнува со нивната белина од црните и темни карпи на западната падина до неговиот соседен врв Црна Чука. Токму заради изразитите и впечатливи бели грамадни карпи (веројатно од мермер), најверојатно врвот го добил името Бел Врв. Помеѓу  врвот  Црна  Чука  и  Бел  Врв постои груб карпест  дробински  материјал  и  се нарекува камено море, кој настанува како  последица  на  физичкото распаѓање  и  разорување  на  карпестите  маси[1]. До Бел Врв може да се пристапи и искачи почнувајќи по добро обележаната планинарска патека која започнува од караулата „Победа“ и води до највисокиот врв Голем Кораб, по која се одвива традиционалното искачување, при што во пределот Нистровски Кораб непосредно пред Кепи Бард се скршнува десно кон север и по разгазената необележана граничарска патека се достигнува до подножјето на врвот Црна Чука од каде по источната падина таа продолжува до Бел Врв и понатаму до Мала Корапска Врата. На највисоката точка на самиот врв искачувањето е прилично тешко и опасно бидејќи карпите се многу стрмни и пресечени за што е потребно познавање од алпинистичко (или слободен стил на) качување.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Светозар Петковски, Драган Василевски, Владо Матевски, Claudio Orlandini и 28 други автори (2011). „Студија за ревалоризација на заштитено подрачје Маврово“ (PDF). Министерство за животна средина и просторно планирање. конс. 9.10.2019. 
  2. Петрушевски, Илија (2012). Попис на врвовите во Република Македонија. Тетово: Хартија Комерц. стр. 13.