Жужње
| Жужње | |
Поглед на црквата „Св. Варвара“ во Жужње | |
| Координати 41°45′11″N 20°37′28″E / 41.75306°N 20.62444°E | |
| Регион | |
| Општина | |
| Област | Горна Река |
| Население | 6 жит. (поп. 2021)[1] |
| Пошт. бр. | 1256 |
| Повик. бр. | 042 |
| Шифра на КО | 07035 |
| Надм. вис. | 1.130 м |
Жужње — село во Општина Маврово и Ростуше, во областа Горна Река.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во областа Горна Река, во северозападниот дел на територијата на Општина Маврово и Ростуше, на источната падина на Кораб, а во сливот на реката Радика, чиј атар се граничи со државната граница со Албанија. Селото е планинско, на надморска височина од 1.130 метри.[2] Од градот Гостивар, селото е оддалечено 36 километри.[2]
Жужње е мало село сместено под самиот врв на Мал Кораб, во долината на Длабока Река (Прој Фел), на нејзина лева страна, која извира од врутокот Извори. Планината изобилува со вода. Имено, над селото, во Корапско Поле се наоѓа циркусно езеро.[3]
До селото се стигнува пеш или со коњ, преку широка земјена патека од соседното Нистрово. Во минатото, до Жужње се стигнувало и преку патот која ја поврзувала Горна Река со Радомир и Пешкопеја во Дебарско, денес во Албанија.[3]
Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Лонг, Прој Буковенит, Забел, Урда те Жабе, Клење, Алниште и други.[3]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Атарот на селото зафаќа простор од 19,4 километри квадратни. На него преовладуваат пасиштата на површина од 955,8 хектари, на шумите отпаѓаат 755,5 хектари, а на обработливите површини 85,4 хектари.[2]
Селото, во основа, има сточарско-шумарска функција.[2]
Населението главно се занимавало со сточарство. Христијаните и муслиманите имале заеднички ливади уште пред потурчувањето. Нивните пасишта се наоѓале над шумата, односно високо на Кораб.[3]
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, во 1873 г. селото Жуже (Jujé) имало 40 домаќинства со 128 православни Албанци.[4]
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Жужње живееле 310 жители, сите Албанци, од кои 150 христијани и 160 муслимани.[5]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Журне се води како чисто албанско село од мешана (муслиманска и православна) вероисповед во Реканската Каза на Дебарскиот Санџак со 58 куќи.[6]
Според цариградскот митрополит Поликарп Дебарски и Велешки во 1904 г. во Жужње имало 18 „српски“ куќи, иако ова несомнено е пропаганда.[7] По податоците на секретарот Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година христијанското население на Жуне се состои од 108 Албанци.[8]
Во следниот период врз христијанското население на селото успешно дејствувала српската пропаганда, и според статистиката на весникот „Дебарски глас“ во 1911 г. во Жужње има 53 албански домаќинства, припадници на српската црква (Пеќската патријаршија).[9]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Албанци.[10]
Жужње е мало село, коешто во 1961 година броело 132 жители, од кои 89 биле Албанци и 41 Турци, додека во 1994 година селото имало само четири жители, албанско население.[2]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 8 жители, сите Албанци.[11] Селото е комплетно напуштено, и покрај тоа што на пописот во 2002 има попишано 8 жители.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 6 жители, сите Албанци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
| Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| Население | 310 | 108 | 122 | 127 | 132 | 175 | 72 | 3 | 4 | 8 | 6 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[12]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[13]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]
Родови
[уреди | уреди извор]Во селото живеело мешано население. Според записите на Томо Смилјаниќ - Брадина на почетокот на XX век во Жужње живееле следниве родови распоредени во маала:[3]
- Чкуле: Бухил или Срмовци (3 к.) доселени се од Призрен како терзии. Работеле со срма. Ќели (6 к.); Гоци (5 к.), Кица (8 к.) и Вешит (6 к.) се исламизирани христијани.
- Ќешер Ан: Пале (4 к.) исламизиран род; Беце (2 к.); Бите (4 к.) доселени пред околу 250 години од областа Малесија во северна Албанија.
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Во XIX век, Жужње било село во Реканската Каза на Отоманското Царство.
Селото се наоѓа во рамките на новосоздадената Општина Маврово и Ростуше, која настанала со територијалната поделба на Македонија во 2004 година. Претходно селото припаѓало на поранешната Општина Маврови Анови, која со измените во Законот за територијална поделба на Македонија била припоена со Општина Ростуша, со што двете општини ја создале новата Општина Маврово и Ростуше, во која денес се наоѓа селото.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Гостивар. Селото припаѓало на некогашната општина Маврово во периодот од 1955 до 1965 година.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Трница, во која покрај селото Жужње, се наоѓале и селата Беличица, Бибање, Богдево, Бродец, Волковија, Врбен, Грекање, Кичиница, Кракорница, Нивиште, Нистрово, Ничпур, Рибница, Сенце и Тануше. Селото припаѓало на Општина Нистрово во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Бибање, Жужње и Нистрово.
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]Цркви
- Црква „Св. Варвара“ — главна селска црква
Реки
- Длабока Река — река низ селото
Водопади
- Корапски Водопад — водопад кај селото, највисокиот во Македонија
Редовни настани
[уреди | уреди извор]Слави[3]
- Свети Никола — главна селска слава
Поврзано
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- 1 2 3 4 5 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 126–127.
- 1 2 3 4 5 6 Смиљаниќ; Тома (1925). Mijaci, Gorna Reka i Mavrovsko Polje. Белград: Српска кралска академија. стр. 116. OCLC 28398861.
- ↑ Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 176–177. ISBN 954-8187-21-3.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 264. ISBN 954430424X.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 50.
- ↑ Доклад на митрополит Поликарп, 25 февруари 1904 г., сканиран от Македонския държавен архив
- ↑ Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 184–185.
- ↑ Дебърски глас, година 2, брой 38, 3 април 1911, стр. 2.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
| ||||||||||||||||

