Кичиница

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кичиница
Кичиница is located in Македонија
Кичиница
Местоположба на Кичиница во Македонија
Координати 41°41′34″N 20°43′24″E / 41.69278° СГШ; 20.72333° ИГД / 41.69278; 20.72333Координати: 41°41′34″N 20°43′24″E / 41.69278° СГШ; 20.72333° ИГД / 41.69278; 20.72333
Општина Општина Маврово-Ростуше
Население 0 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 1358 м
Кичиница на општинската карта
Кичиница во Општина Маврово и Ростуша.svg

Атарот на Кичиница во рамките на општината
Commons-logo.svg Кичиница на Ризницата

Кичиница — село во Општина Маврово-Ростуше, во околината на градот Гостивар. Целата „рурална средина“ на селото е прогласена за културно наследство на Македонија.

Селото има 8 куќи кои се изградени на почеток на 20-ти век, но нема жители.[1]

Во селото се наоѓа црквата „Св. Никола“.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Традиционална архитектура во Кичиница

Селото се наоѓа во мало проширување на долината помеѓу клисурите Барич и Дервен. Оддалечено е 28 километри југозападно од Гостивар.

Историja[уреди | уреди извор]

Економија[уреди | уреди извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Кичиница имало 120 жители Албанци со христијанска вероисповед.[2]

Селото е целосно раселено по 1961 година.

На табелата е прикажан бројот на население во сите пописни години:[3]

Година 1900 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 120[2] 78 89 48 / / / / /

Родови[уреди | уреди извор]

Како родови во селото се знаат. Арсенит (1 к.), Грубин (6 к.) и Михал (4 к.). Последните се најстари во селото. Арсенит се доселени од селото Нивиште. Грубин се доселиле од селото Врбен.

Основачот на селото се доселил од околината на Куманово или Врање.[4]

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

  • Бранко Манојловски - пратеник во Собрание на Република Македонија и писател[5]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Во пределот од Маврово до Кичиница преку Царевец има многу интересна патека за планински велосипедизам која минува низ убави шумски предели и која што може да се комбинира со другите патеки во регионот. Заради поставеноста во шумскиот појас може да се вози во било кој период од денот. Почетокот на патеката е по асфалтниот пат од Маврово за селото Галичник, и пред месноста Царевец се напушта асфалтот вртејки во десно од каде што започнува возење по широк и лесен за следење шумски пат. Вдолж патот има маркации и патокази. Вода за пиење има на две места и најдобро е да се користи водата од чешмата покрај асфалтниот пат за Галичник. Техничките тежини се умерени.

Вкупна должина на патеката изнесува 12км., а потребно време за минување е од 2 до 4 часа.[6]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. Општина Маврово и Ростуше“.
  2. 2,0 2,1 Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900. стр.91.
  3. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  4. Смилјаниќ, Тома. Мијаци, Горна Река и Мавровско Поле. 
  5. Ако.мк. „Кој е пратеникот на ДУИ Бранко Манојловски?“, „Ако“. (на mk-MK)
  6. Планирање и планински велосипедизам“, „Национален парк Маврово“, 15 ноември 2015. (на mk-MK)

Галерија[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]