Присојница

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Присојница
Панорама на Присојница.jpg

Панорама на селото

Присојница is located in Македонија
Присојница
Местоположба на Присојница во Македонија
Координати 41°34′53″N 20°36′37″E / 41.58139° N; 20.61028° E / 41.58139; 20.61028Координати: 41°34′53″N 20°36′37″E / 41.58139° N; 20.61028° E / 41.58139; 20.61028
Регион Logo of Polog Region.svg Полошки
Општина Coat of arms of Mavrovo and Rostuša Municipality.svg Маврово и Ростуше
Област Долна Река
Население 315[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 1254
Повик. бр. 042
Надм. вис. 682 м
Присојница на општинската карта
Присојница во Општина Маврово и Ростуша.svg

Атарот на Присојница во рамките на општината
Commons-logo.svg Присојница на Ризницата


Присојница — село во Општина Маврово и Ростуше, во областа Долна Река, во околината на градот Дебар.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Ова село се наоѓа во областа Долна Река, во јужниот дел на територијата на Општина Маврово и Ростуше. Сместено е на десниот брег на реката Радика и недалеку од патот Гостивар-Дебар.[2] Селото е планинско, сместено на надморска височина од 820 метри.[2]

Селото е сместено на падините на Дешат и е на иста височина како соседното село Скудриње. Селото е богато со вода и поседува доста мали извори.[3]

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Осој, Кала, Срт, Плоча, Мерис, Црвен Камен, Старо Село, Ограѓе, Топилиште, Присој, Поле, Сплжаи, Тумба, Римник, Кошара, Голем Камен, Горно и Долно Брдо и Млака.[3]

Селото има збиен тип и низ самото село поминува пат. Поделено е на маала: Асановци, Рамчевци, Демировци и Мучовци.[3]

Присојница е оддалечено 16 километри северозападно од градот Дебар, а од општинското средиште Ростуше е оддалечено 6 километри.

Историја[уреди | уреди извор]

Селото не поседува траги од христијанско население, иако самите мештани кажуваат дека селската џамија е подигната на темели од стара црква, како што е наоѓалиштето На Црков. Целокупното негово население е муслиманско, кои говорат на мијачки дијалект.[3]

Во XIX век, Присојница било село во Реканската каза, на Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото поседува мошне мал атар, кој зафаќа простор од само 3,3 км2. На него преовладуваат шумите на површина 189 хектари, пасиштата заземаат 96 хектари, додека на обработливото земјиште отпаѓаат 38 хектари.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Во делото „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, издадено во Цариград во 1878 година, кое прикажува статистика за машкото население во 1873 година, Присојница е посочено како село со 100 домаќинства и 232 жители.[4]

Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К'нчов („Македонија, етнографија и статистика“) од 1900 година, селото Присојница има 400 жители, Македонци-муслимани.[5]

Селото е средно по големина, со благ пораст на населението. Така, во 1961 година броело 253 жители, од кои 237 биле Турци, а 10 жители Македонци. Во 1994 година бројот се зголемил на 332 жители, од кои 21 Македонец, 13 Албанци, 1 Турчин и 297 се изјасниле како останати, но секако се Македонци со исламска вероисповед.[2]

Според последниот попис од 2002 година, во селото Присојница живееле 315 жители, од кои:[1]

*Жителите кои се изјасниле како Турци, Албанци, Бошњаци или останати, всушност претставуваат Македонци со исламска вероисповед, бидејќи најголем дел од нив се изјасниле дека македонскиот јазик им е мајчин.[1]

Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Присојница:

Години Македонци Албанци Турци Бошњаци Ост. Вкупно
1948 348
1953 218 6 151 2 377
1961 10 0 237 6 253
1971 40 0 217 7 264
1981 51 0 23 228 302
1991 41 0 2 309 352
1994 21 1 13 297 332
2002 232 2 66 6 9 315

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2002), според податоци од официјалните пописи во соодветните години

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во рамките на новосоздадената Општина Маврово и Ростуше, која настанала со територијалната поделба на Македонија во 2004 година. Претходно селото припаѓало на поранешната Општина Ростуше, која со измените во Законот за територијална поделба на Македонија била припоена со Општина Маврови Анови, со што двете општини ја создале новата Општина Маврово и Ростуше, во која денес се наоѓа селото.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Гостивар, додека во периодот по војната од 1957 до 1965 година се наоѓала во некогашната општина Маврово. Во рамките на општина Ростуше се наоѓало во периодот 1955-1957.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Ростуше, во која покрај Присојница се наоѓале и Аџиевци, Битуше, Велебрдо, Галичник, Јанче, Ростуше, Сушица и Требиште. Во периодот 1950-1952 година, селото било седиште на Општина Присојница, во која влегувале селата Аџиевци, Јанче, Присојница и Скудриње.

Изборно место[уреди | уреди извор]

Во селото постои изборното место бр. 0466 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[7]

На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 366 гласачи.[8]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Археолошки наоѓалишта[9]
Џамии[10]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 "Попис на Македонија" (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 3 мај 2020.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 246. Посетено на 2 мај 2020.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Смиљаниќ; Тома (1925). Mijaci, Gorna Reka i Mavrovsko Polje. Белград: Српска кралска академија. OCLC 28398861.
  4. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 174-175.
  5. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900. стр.263.
  6. info@fakulteti.mk, Fakulteti mk-. "Се затвора училиштето во с.Видуше, сѐ помалку првачиња во општина Маврово и Ростуше". fakulteti.mk. Посетено на 2020-04-11.
  7. "Описи на ИМ". Посетено на 3 мај 2020.
  8. "Претседателски избори 2019". Посетено на 11 април 2020.
  9. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  10. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]