Селце (Ростушко)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Селце
Велоекспедиции 2016 16.jpg

Поглед на селото од патот помеѓу селата Лазарополе и Тресонче

Селце се наоѓа во Republic of Macedonia
Селце
Местоположба на Селце во Македонија
Координати 41°34′23″ СГШ 20°42′46″ ИГД / 
Регион Logo of Polog Region.svg Полошки регион
Општина Coat of arms of Mavrovo and Rostuša Municipality.svg Општина Маврово и Ростуша
Население 0[1] жит.
Пошт. бр. 1254
Повик. бр. 042
Надм. вис. 1357 м
Слава Илинден
Commons-logo.svg Селце на Ризницата


Селце — село во Општина Маврово-Ростуше, во рамките на областа Мала Река. Селото се наоѓа на Селечка Река, чиј извор се наоѓа на самото сретсело.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селце е сместено во западниот дел на Македонија, во јужниот дел на општината Маврово-Ростуша. Претставува дел од долнореканскиот крај. До селото води асфалтен пат кој се двои од регионалниот пат ДебарГари.

Сместено е високо на планината Бистра, на надморска височина од 1357 метри, при што на самото сретсело се наоѓа селска чешма, изградена во 1998 година од страна на локалното население. Веднаш крај чешмата се наоѓа и изворот на Селечка Река.

Атарот на селото зафаќа 17 км².[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Во осмалиско-турските документи од втората половина на XV век, за Селце било напишано дека било напуштено од страна на жителите на селото.[3]

Селото во своите најдобри времиња имало околу 80 куќи и со тоа припаѓало на најмалите села во долнореканскиот крај. Денес, нивната бројност е уште намалена и останати се одвај четвртина од нив.[4]

Население[уреди | уреди извор]

Иселувањето во Селце започнало порано отколку во другите села, па затоа во него останале само 62 жители според пописот од 1961 година.[2]

Денес, селото Селце е во целост раселено, како што било забележано уште со спроведениот попис од 2002 година, кога во селото немало ниеден жител.[1] Селото било целосно напуштено уште во текот на 1960-тите години.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[5] 1905[6] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 420 640 40 57 62 0 0 0 0 0
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Поглед на главната селска црква во Селце

Селото влегува во рамките на големата Општина Маврово и Ростуша, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Ростуша.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Дебар.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Лазарополе, во која покрај селото Селце, се наоѓале и селата Гари, Лазарополе, Росоки и Тресонче. Општината Лазарополе постоела и во периодот 1950-1952.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[8]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Главно иселувањата на жителите од селото Селце биле во насока на Скопје, Битола и во Бугарија.[4]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“. Завод за статистика на Македонија. 2002. http://www.stat.gov.mk/Publikacii/knigaX.pdf. конс. 30 март 2013 г. 
  2. 2,0 2,1 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 269. 
  3. Тодоровски, Глигор. „Малореканскиот предел. Општествено-економски и просветни прилики во 80-те години на XIX век до крајот на Првата светска војна“, Скопје 1970, стр. 16-17
  4. 4,0 4,1 Според кажување на локален жител; забележано на 5 јули 2015 година од страна на Тони Ристовски, Ѕвонко Петровски, Никола Цибрев, Кирил Симеоновски и Цветко Неделковски
  5. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  6. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  7. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. http://makstat.stat.gov.mk/PXWeb/pxweb/mk/MakStat/MakStat__Popisi__PopisNaNaselenie__PopisiNaseleniMesta/Popisi_nm_1948_2002_NasPoVozrPol_mk.px/?rxid=46ee0f64-2992-4b45-a2d9-cb4e5f7ec5ef. 
  8. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]