Трница
Трница | |
![]() Поглед на новоизградените куќи во месноста Трница | |
Координати 41°42′42″N 20°41′17″E / 41.71167°N 20.68806°E | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Горна Река |
Население | 0 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1256 |
Повик. бр. | 042 |
Шифра на КО | |
Надм. вис. | 1.020 м |
![]() |
Трница — историско село во областа Горна Река, денес во атарот на селото Волковија, Општина Маврово и Ростуше. Денес, во месноста се наоѓа обновениот мотел „Кораб Трница“, кој бил препознатлив по својот качамак, и споменикот на паднатите борци од НОБ од овој крај.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Трница се наоѓа на самиот пат Маврово—Дебар, веднаш на левиот брег на Мавровска Река. Месноста (мотелот и споменикот на борците од НОБ и народниот херој од тој крај Живко Брајковски) е сместена во стрмен дол, подножје на планината Бистра. Од Трница се двои патот кон селата Беличица и Волковија. Месноста Трница е сместена на 1.020 метри надморска височина.
Денес, некогашното село влегува во атарот на Волковија.
Историја
[уреди | уреди извор]Селото се смета дека настанало од некои козари од Албанија. Претходно, во месноста постоел некој манастир, од кого може да се најдат некои рушевини.[2]
На крајот од XIX век, Трница било албанско село во Реканската каза на Отоманското Царство.
Во минатото Трница била село населено исклучиво со Албанци (Качаци), кои често правеле зулуми и ограбувале коли и патници кои се движеле кон Дебар или Маврово. Поради честите грабежи и на блиските села Волковија и Беличица, жителите (Македонци) од двете села се собрале и ги истерале жителите на Трница.
За време на српската окупација на Македонија во 1913 година, во Трница била сместена српската жандармерија и биле изградени куќи за српските жандарми и учители.
Селото било уништено за време на војните 1912-1918 година.[2]
По Втората светска војна во Трница е изграден познатиот мотел „Трница“ и е подигнат споменик посветен на загинатите жители и партизани во масакрот во Беличица, како и на другите паднати борци за слободата на Македонија од овој крај.
Стопанство
[уреди | уреди извор]Оваа месност е позната и по прочуеното трничко сирење, кое се произведувало во задругата „Габрово“ во погоните сместени во месноста викана „Торбешки мост“, оддалечена 18 километри од Трница.
Денес, мотелот и погоните за производство на млечни производи се обновени и повторно ставени во функција под брендот „Кораб Трница“.
Население
[уреди | уреди извор]Според „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, во 1873 г. селото (Térnitza) имало 30 домаќинства со 94 православни Албанци.[3]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Трница имало 240 жители Албанци муслимани.[4]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Цркви[5]
- Црква „Св. Никола“ — црква подигната кон крајот на 1990-тите години, веднаш над мотелот
- Споменици
- Споменик посветен на загинатите во НОБ
- Биста на Живко Брајковски
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Куќи во Трница
-
Црквата „Св. Никола“
-
Куќи во Трница
-
Обновениот мотел
-
Споменикот во Трница
-
Обновениот мотел
-
Дел од споменикот
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 Смиљаниќ; Тома (1925). Mijaci, Gorna Reka i Mavrovsko Polje. Белград: Српска кралска академија. OCLC 28398861.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995. стр. 176-177.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900. стр. 264.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|