Живко Брајковски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Живко Брајковски
Споменик на Живко Брајкоски.jpg
Живко Брајковски
Роден 5 септември 1917
Беличица
Починал 20 август 1963(1963-08-20) (воз. 45 г.)
Тетово, СР Македонија, СФРЈ
Занимање првоборец во НОВ, политичар и општественик

Живко Брајковски (с.Беличица, 5 септември 1917 - Тетово, 20 август 1963) — македонски првоборец, учесник во НОВ, политичар и општественик. Како припадник на НОД (1941), бил член на КПЈ (од 1942), борец на Мавровскиот НОПО (од 1943) и член на реонскиот комитет на КПЈ во Маврово, а од септември секретар на околискиот комитет на КПМ за Мавровско (1943-1945). По ослободувањето бил секретар на комитетот на КПМ за установите при владата на НРМ, инструктор на ЦК на КПМ, секретар на обласниот комитет на КПМ за Скопје и член на ЦК на КПМ (1948). Носител е на партизанска споменица од 1941. Во негова чест во скопската населба Бутел е именувано основно училиште.[1] .

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ивановски, Владо (2009). Блаже Ристовски. уред. Македонска енциклопедија. 1. Скопје: МАНУ. ISBN 978-608-203-023-4 (1).