Сојуз на комунистите на Македонија
- За историјата на партијата СКМ по 20 април 1991 година, видете Социјалдемократски сојуз на Македонија.
Сојуз на комунистите на Македонија | |
---|---|
![]() | |
Водач | Лазар Колишевски (прв) Петар Гошев (последен) |
Основана | 19 март 1943 |
Распуштена | Правно не е распадната. Сè уште постои под името СДСМ |
Претходник | Регионален комитет на комунисти во Македонија |
Штаб | Скопје, СР Македонија, СФР Југославија |
Идеологија | Комунизам Марксизам – ленинизам Титоизам |
Политичка положба | Лево крило |
Бои | Црвена, златна |
Знаме | |
![]() | |
Политика на Македонија Политички партии Избори Македонски огранок на Сојузот на комунистите на Југославија |
Сојуз на комунистите на Македонија (СКМ) — македонски оддел на Сојузот на комунистите на Југославија, владејачката партија во СФР Југославија во текот на нејзиното постоење. До април 1952 го носи називот „Комунистичка партија на Македонија“ (КПМ).
Историја[уреди | уреди извор]
КПМ е основана на 19 март 1943 година во Тетово. Нејзиниот прв Централен комитет бил во состав: Лазар Колишевски (политички секретар), Мара Нацева (организациски секретар), Цветко Узуновски, Кузман Јосифовски - Питу, Страхил Гигов и Бане Андреев. Првиот конгрес на КПМ се одржал во 1948 година.
Плурализам[уреди | уреди извор]
Со воведувањето на партискиот плурализам, СКМ го менува своето име во СКМ - Партија за демократска преобразба (СКМ-ПДП) и под тој назив учествува на првите повеќепартиски избори во Република Македонија во 1990 година. Истовремено, ја менува својата комунистичка идеологија со социјалдемократска. На својот конгрес од април 1991 СКМ - ПДП повторно го менува своето име во Социјалдемократски сојуз на Македонија, СДСМ. Мал дел од членството на СКМ-ПДП се отцепил од матичната партија и ја задржал комунистичката идеологија, или барем комунистичкото име.
Конгреси на СКМ (КПМ)[уреди | уреди извор]
- Прв конгрес 1948
- Втор конгрес 1953
- Трет конгрес 1959
- Четврт конгрес 1963
- Петти конгрес 1968
- Шести конгрес 1974
- Седми конгрес 1978
- Осми конгрес 1982
- Деветти конгрес 1986
- Десетти конгрес 1989
Секретари на СКМ (КПМ)[уреди | уреди извор]
Име | Слика | Период на функција |
---|---|---|
Лазар Колишевски | март 1943 – јули 1963 | |
Крсте Црвенковски | ![]() |
јули 1963 – март 1969 |
Ангел Чемерски | ![]() |
март 1969 – мај 1982 |
Крсте Марковски | мај 1982 – 5 мај 1984 | |
Милан Панчевски | 5 мај 1984 – јуни 1986 | |
Јаков Лазароски | јуни 1986 – 1989 | |
Петар Гошев | ![]() |
1989 – април 1991 |