Слободни територии во НОВ во Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Слободни територии во Вардарска Македонија во 1943 година

Слободните територии во НОВ во Македонија биле создадени во 1943 година во текот на Народно-ослободителната борба на Македонија и биле под контрола на единиците на НОВ и ПОМ.

Територии кои биле создадени во 1943 година во Дебарца и Копачка, Маврово и Бистра, Преспа, Кожуф и Козјак, постепено биле ширени и зафаќале пространи територии. Со поврзувањето на слободната територија на Кожув со слободната територија создадена од ЕЛАС на Пајак Планина и Караџова, слободната територија се проширила и кон Гевгелија, Тиквеш и Мариово. Слободната територија од Козјак Планина се ширела кон Кривопаланечко, кон Руен Планина и Куманово.

Во Западна Македонија по капитулацијата на Италија дошло до обединување на слободните територии и била создадена единствена територија со два слободни града: Кичево и Дебар. Кичево било слободно 21 ден, а Дебар - 69 дена.

Малата слободна територија во Преспа служела за врски меѓу слободната територија во Западна Македонија и таа во реонот на Кожув.

На слободните територии се создавале военозаднински органи, органи на народната власт, биле отворени и првите училишта на македонски јазик и се вршеле подготовки за одржување на Првото заседание на АСНОМ.[1]

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Миле Михајлов, „Военозаднинските органи во Народноослободителната војна на Македонија 1941-1944“, Скопје, 1992.