Руен

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Руен (врв))
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Руен
Ruen IMG 4742.jpg
Врвот Руен во зима
Највисока точка
Надм. вис.2252 м
Координати42°09′N 22°31′E / 42.150° СГШ; 22.517° ИГД / 42.150; 22.517Руен на Google Maps
Географија
Матичен венецОсоговски Планини
Искачување
Прво освојувањенепознато
Најлесен патПониква - Царев Врв - Руен

Руен — највисок врв на Осоговските Планини со висина од 2.252 метри. Врвот се наоѓа на самата граница меѓу Република Македонија и Бугарија, и е дел од 100-те национални туристички објекти на Бугарија.

Правци за искачување[уреди | уреди извор]

Искачувањето на врвот Руен може да се изврши од два правци, и тоа едниот е од правецот на Кочани преку Пониква до Царев Врв, на кој нема маркација. Патеката прво ве спушта до преслапот „Ајдучка чешма“, што е најниска точка на патеката, а тука на преслапот десно под патеката навистина има чешма со тоа име, потоа започнува искачувањето на Руен, кое вкупно од Царев Врв трае околу 2 часа.

Друг правец е преку рудникот „Тораница“. Кога се оди од Крива Паланка кон Бугарија, пред да се стигне до границата се врти десно кон рудникот „Тораница“, оддалечен вкупно 18 км од Крива Паланка. Од рудникот може да се искачува директно на врвот Руен иако нема маркација, но полесна варијанта е да се искачува во правец на седлото меѓу Царев Врв и Руен и потоа да се оди кон врвот.[1]

Зависно од правецот, потребни се околу 2-3 часа. За движење во погранична зона, потребна е дозвола од Министерството за внатрешни работи.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Убава е Македонија, www.pelagon.mk