Прејди на содржината

Баталјони за сигурност

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Тагмата асфалиас)
Вооружени припадници на анти-комунистичките „Баталјони за сигурност“, сликани со своите жртви.

Баталјони за сигурност (грчки: Τάγματα Ασφαλείας, Тагмата Асфалијас), во превод: Баталјони за сигурност, се грчки паравоени контрачети кои соработуваат со фашистичките окупатори во Втората светска војна.[1]

Основани се во 1943 година од страна на грчката колаборационистичка влада со цел помагање на окупаторската германска армија и борба против сè помоќниот ЕЛАС, воден од КПГ.[2]

По Втората светска војна, Баталјоните за сигурност не се разоружани од грчката влада, туку напротив довооружени се и стануваат едно од орудијата на монархо-фашистичката влада поддржана од англо-американската интервенција во борбата против Демократската армија на Грција.

Тагматистите извршуваат многу воени злосторства врз недолжното македонско и грчко население. СНОФ води неколку успешни битки против нив.[3]

  1. Boston, Greek (2021-01-29). „About the Security Battalions of Greece During WWII“ (англиски). Посетено на 2026-01-24.
  2. tanea.gr (2024-06-18). „Σαν σήμερα το 1943 ιδρύθηκαν τα Τάγματα Ασφαλείας“. ΤΑ ΝΕΑ (грчки). Посетено на 2026-01-24.
  3. tanea.gr (2024-06-18). „Σαν σήμερα το 1943 ιδρύθηκαν τα Τάγματα Ασφαλείας“. ΤΑ ΝΕΑ (грчки). Посетено на 2026-01-24.