Југословенска војска во татковината

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ова е статија за паравоена организација на Дража Михаиловиќ. За сличниот термин, видете Четници (термин). За четничката организација од почетокот на 20 век, видете Српски комитет на четничка акција.
Знаме на Југословенската војска во татковината

Југословенската армија во татковината, позната како Равногорско движење или Четничко движење, била националистичката српска и ројалистичка паравоена организација која делувала во текот на Втората светска војна.

Движењето било формирана во 1941 година првично наречено како "Четнички одреди на Југословенската армија", а подоцна движењето било преименувана во "Југословенската армија во татковината", меѓутоа првичното име, односно четници, останало најчесто употребувано во текот на војната, дури и меѓу самите четниците. Во 1941 година, Кралството на Југославија било поразено од Германија и окупирана од страна на силите на Оската од 1941 до 1945. Четничкото движење е меѓу првите кои се спротиставило на окупаторите [1].

Четниците никогаш не преставувале хомогено идеолошко движење. Некои групи се свртеле против Германија, и застанале на страната на партизаните во заедничка борба, од четничката коалиција со партизаните произлегол и првиот чин на предавање од страна на германски гарнизон во Втората светска војна на 28 септември 1941 во Таково [2]. Сепак, другите четници активно соработувале со германските и италијанските окупациски сили за борба против комунистичките партизани или ривалските четнички групи.

Извори[уреди | уреди извор]