Декларација на АСНОМ за основните права на граѓаните на демократска Македонија
Изглед

Декларацијата на АСНОМ — документ за основните граѓански права во Демократска Македонија. Донесена е на 2 август 1944 година во манастирот „Св. Прохор Пчињски”.
Декларацијата содржи 11 члена во кои се гарантираат:
- правото на еднаквост и рамноправност на граѓаните пред законите;
- обезбедувањето на сите права на слободен национален живот на националните малцинства;
- правото на слобода во вероисповедта и во совеста;
- правото на сигурност на имотот, правото на сопственост и на приватна иницијатива во стопанскиот живот;
- правото на слобода на говорот, на печатот, на собирањето, на договорањето и на слободата при здружувањето;
- општо, еднакво и непосредно избирачко право со тајно гласање за сите граѓани што се постари од 18 години;
- правото на жалба против одлуките на органите на власта и правото на молба и поплаки до сите државни власти.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Македонска енциклопедија, том I. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 442. ISBN 978-608-203-023-4.