Ѓоце Стојчевски - Амбарче

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ѓоце Стојчевски.jpg
Роден 26 ноември 1919
Тетово
Починал 19 септември 1944(1944-09-19) (воз. 24 г.)
Беличица, Гостиварско
Националност Македонец

Ѓоце Илиев Стојчевски - Амбарче (Тетово, 26 ноември 1919Беличица, Гостиварско, 19 септември 1944) бил македонски партизан, учесник во НОВ. Бил прогласен за народен херој на Југославија.

Биографија[уреди | уреди извор]

Родната куќа на Ѓоце Стојчевски (денес Меморијален музеј) на Ѓоце Стојчевски во Тетово

Амбарче бил роден во Тетово на 26 ноември 1919 година во повеќечлено занаетчиско семејство од татко Илија и мајка Менча. По завршувањето на основното училиште, иако надарен ученик, поради лошата материјална состојба во семејството, Ѓоце го напуштил училиштето и останал да му помага на татка си во волновлачарницата, посетувајќи го притоа занаетчиското училиште. Чувствувајќи ја националната обесправеност и суровиот експлоататорски режим на големосрпската буржоазија врз себе и врз својот народ, Ѓоце се вклучил во напредното работничко и револуционерно движење. Бил библиотекар во локалната библиотека, секретар на Месниот комитет на КПЈ и учесник во НОД во 1941 година.

Во НОАВМ бил политички комесар на Шарпланинскиот партизански одред во 1943 година. Во борбата со балистички сили кај с. Шипковица во 1943 бил ранет, заробен и спроведен во затворот во Тирана. По капитулацијата на Италија избегал, се вратил во Македонија и се приклучил на партизански одред. Загинал во борбата кај селото Беличица и бил прогласен за Народен херој на Југославија.[1]

Во негов спомен тетовскиот хемиско-текстилен училишен центар го носи неговото име.

Спомен-куќата на Стојчевски е прогласена за значајно културно наследство на Македонија.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]