Трајко Стојковски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Трајко Стојковски
[[Податотека:Trajko Stojkovski.jpg|200п|center]]
Роден на 10 јануари 1923
Роден во Куманово,
Кралство СХС
Починал на 14 октомври 2005
Починал во Скопје,
Македонија

Член на КПЈ од 1941
Учество во војни НОБ

Народен херој од 20 ноември 1951

Трајко Стојковски - Бузо (Куманово, 10 јануари 1923 - Скопје, 14 октомври 2005) бил македонски комунист, учесник во НОВ, офицер на ЈНА и општественик. Прогласен е за народен херој на Југославија на 20 ноември 1951 година. Носител е и на Партизанска споменица 1941.

Биографија[уреди | уреди извор]

Трајко Стојковски бил роден во Куманово. Како член на СКОЈ (од 1941), активно учествувал во подготовките на НОВ во Куманово, а во јуни 1943 година станал борец на Кумановскиот партизански одред. Посебно се истакнал како пушкомитралезец во борбата на Дренак против четничките сили во декември 1943 година. При формирањето на Третата македонска бригада бил назначен за командант на баталјон, а подоцна за командант на Дванаесеттата македонска (скопска) бригада. Учествувал во борбите за „Црно Око“, каде неговата чета требало да пробие пат за бригадата.[1] Има значаен придонес во ослободувањето на Скопје, односно по негова заслуга Германците биле спречени да ги урнат мостовите на Вардар.[2][3]

По војната[уреди | уреди извор]

По завршувањето на војната, завршил Воена школа при Врховниот штаб. До 1951 година бил на разни должности во ЈНА, а потоа премина на работа во Државниот секретаријат за внатрешни работи. Пензиониран е во 1959 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 341
  2. „Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 341
  3. „Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 2009, 1436 стр.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]