Благој Страчковски
Благој Страчковски | ||
Роден на | {{{датум на раѓање}}} | |
Роден во | {{{држава на раѓање}}} | |
Професија | работник | |
Член на КПЈ од | 1940 | |
Учество во војни | {{{војна}}} | |
Во НОВ | политички комесар | |
Служба | Народноослободителна војска | |
Народен херој од | {{{народен херој}}} | |
Одликувања |
---|
Благој Страчковски (Велес, 29 февруари 1920 – Велес, 13 јануари 1943) — македонски комунист, учесник во НОБ. На 11 октомври 1953 година, со одлука на претседателот со СФРЈ, Јосип Броз-Тито, бил прогласен за народен херој.[1][2]
Животопис
[уреди | уреди извор]Роден е на 29 февруари 1920 година во Велес, во сиромашна работничка фамилија. По завршувањето на основно училиште во Велес, почнал да бара работа. Кога пораснал работел разни физички работи. Работел во каменоломот во Превалец, копал лозја, садел тутун, носел малтер и др. Без никаков стекнат работен стаж стапил во револуционерното движење.
Откако станал член на синдикатот, се вклучил во неговата работа и учествувал во штрајкови и демонстрации против властите. Читајќи марксистичка литература, се' повеќе се ангажирал во синдикалното движење.
Неговата активност била забележана, па на почетокот од 1940 година станал член на СКОЈ, а на крајот од годината станал член на Комунистичката партија на Југославија.
По почетокот на Втората светска војна и влегувањето на бугарскиот окупатор во Велес, Благој бил избран за член на Месниот комитет на КПЈ во Велес и секретар на Месниот комитет на СКОЈ. Во текот на 1941 и 1942 година одржувал контакти со другарите кои на пролет требало да одат во партизански одред, бидејќи во тоа време главна насока на КПЈ и СКОЈ било подготовка за формирање на партизански одред. Одредот бил формиран во април 1942 година. Благој работел на омасовувањето на одредот, во кој се' повеќе се приклучувале нови борци.
После одржаниот митинг во село Подлес Благој бил суден и интерниран во Бугарија. Поради сите овие активности и избегнувањето да служи на бугарската војска Благој во септември 1942 отишол во партизанскиот одред „Димитар Влахов“. Одредот имал три чети, а Благој станал политички комесар на Втората чета. Се истакнувал во борбите на одредот, а по селата каде што одредот поминувал, одржувал говори и организирал митинзи на кои го повикувал месното население на општонародно востание и протерување на окупаторот од цела земја.
Во декември 1942, бугарската окупаторска власт презела широки акции за разбивање на одредот. Таква битка била Битката кај Војничка Пештера каде што одредот се разделил. Благој со група борци требало да тргне кон Скопска Црна Гора, но поради густиот снег кај Катланово биле принудени да се вратат во градот. Бидејќи не можеле да воспостават врска со одредот, Благој со уште двајца борци извесно време се криеле во градот. Потоа заминале кон село Росоман кавадаречко каде што биле забележани од група контрачетници и отвориле оган на нив. Извлекувајќи се од заседите, Благој и двајцата другари стигнале до село Водоврати. Тука преморени и без муниција Благој и Славе Петков биле фатени и однесени во касарната во Велес. Тука двајцата биле мачени. Благој на прашањата на бугарските војници за партизаните возвраќал со молчење. На 13 јануари 1943 година во еден миг Благој само извикал дека победата ќе биде на страната на партизаните. Кога го слушнале ова разбеснетите бугарски војници Благој жив го закопале, а после го откопале и го исекле на парчиња.
Литература
[уреди | уреди извор]- „Спомен книга на загинатите борци во НОБ и жртви на фашистичкиот терор од Велес и Велешко“. „Просвета“, Велес, 1985.
- „Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 355-359
- „Народни хероји Југославије“. „Младост“, Београд, 1975.
Наводи
[уреди | уреди извор]„Благој Страчковски“ на Ризницата ? |