Манчу Матак

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Манчу Матак.jpg
Роден 1920
Крушево, Кралство СХС
(денес Македонија)
Починал 25 мај 1944
Витолиште, Мариово
Националност Влав
Биста на Манчу Матак во Крушево

Манчу Матак (влашки: Manchu Matak; Крушево, 1920 - Витолиште, Мариовско, 25 мај 1944) — македонски комунист од влашко потекло и учесник во НОВ. Бил прогласен за народен херој на Југославија.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Манчу е роден во 1920 година во влашко семејство во Крушево. По професија бил шивач. Станал член на КПЈ во 1939 година.

Во Априлската војна во 1941 бил заробен како војник на Кралството Југославија, но успеал да избега и се вратил во Крушево.[2] Како член на Месниот комитет на КПЈ во Крушево од крајот на 1941, поради учество во штрајкот на монополските работници, бил уапсен и лежел во затвор од април до јуни 1942 година.[3] Бил секретар на Организацијата на КП во Крушевскиот партизански одред „Питу Гули“, а по неговото расформирање кон крајот на 1942 се илегализирал во Крушево. Потоа се префрлил во Гостивар и стапил во партизанскиот одред „Кораб“ во пролетта 1943 година. Во борба со балистите бил заробен и спроведен во Тиранскиот затвор. По капитулацијата на Италија на 8 септември 1943 станал командир на Прилепската чета во Првата македонско-косовска бригада, а потоа во Единаесеттата македонска бригада.[4] Загинал при напад на бункер на германските сили кај селото Витолиште, Мариовско. При нападот на партизаните, како командир на втората чета на Прилепскиот баталјон, бил погоден од снајперски куршум.[5]

Прогласен е за народен херој на Југославија во 1951 година.[6] Во негова чест училиштето во Кривогаштани го носи неговото име.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Наум Наумовски, „Народниот херој Манчу Матак“ во „Бригада на братството и единството“, Скопје, 1958, 421–423
  2. Манчу Матак, „Бригада на братството и единството“, Скопје, 1958, 460.
  3. Златко Билјановски, Одредот „Питу Гули“, Скопје, 1973.
  4. Манчу Матак, „Втората македонска ударна бригада“, Скопје, 1973, 160–161
  5. Љубен Георгиевски – Љупта „Македонски Чапаев: монографија за народниот херој Илија Игески – Цветан“, Скопје, 2005, 123.
  6. Златко Билјановски, Манчу Матак, Скопје, 1975.