Единаесетта македонска ударна бригада
Единаесетта македонска ударна бригада | |
---|---|
Активна | 27 август 1944 – 20 септември 1944 |
Битки | Завршни операции за ослободување на Македонија |
Команданти | |
Истакнати команданти | Јордан Цеков - Дане |
Единаесеттата македонска ударна бригада (позната и како Единаесеттата кумановска бригада) била формирана во село Пелинце, Кумановско на 27 август 1944 година. Била формирана од вкупно 370 новопристигнати борци од Кумановско, Кривопаланечко и Кратовско. Формациски имала три пешадиски баталјона, два кумановски иеден кратовски, и дејствувала во Кумановската дивизија.[1]
Команден состав
[уреди | уреди извор]Командниот состав на бригадата го сочинувале:[1]
- Јордан Цеков - Дане, командант од 27 август 1944 година
Политички комесар бил:
- Перо Ивановски - Тиквар, до 25 септември 1944 година
Политички комесар на чета
Борбени дејства
[уреди | уреди извор]Во текот на еден месец постоење, оваа бригада имала низа успешни борби. Учествувала во борби против бугарската војска кај железничката станица Глишиќ кај Куманово на 30 и 31 август 1944 година, при што успеала да ја разруши пругата во должина од 150 метри.[1]
На 2 септрмври во Берово, и на 5 септември кај с. Страцин водела борби со бугарската војска, а на 8 септември учествувала во нападот и борбите за ослободување на Берово и го ослободила градот. На 9 септември го ослободила Кратово, разоружала една бугарска дивизија во с. Довезенце, Кумановско на 10 септември, а на 14 септември 1944 година учествувала во ослободување на Свети Николе. Во наредниот период, бригадата водела диверзантски акции на патот Велес-Скопје.
На 20 септември 1944 година била расформирана, односно Првиот и Вториот кумановски баталјон кои биле во нејзин состав, влегле во составот на Третата македонска ударна бригада, а Третиот кратовски баталјон кој бил во нејзин состав, останал самостојно да дејствува во Свети Николе.
Наводи
[уреди | уреди извор]