Дваесет и прва македонска ударна бригада
Дваесет и прва македонска ударна бригада | |
---|---|
Активна | 19 октомври 1944 – мај 1945 |
Битки | Завршни операции за ослободување на Македонија |
Команданти | |
Истакнати команданти | Боро Поцков |
Дваесет и првата македонска ударна бригада била формирана на 19 октoмври 1944 година во месноста Широк Дол, Беровско.[1][2]
Била формирана од околу 700 борци и старешини од еден баталјон на Четвртата македонска ударна бригада, дел борци од бригадата „Гоце Делчев“ и новопристигнати борци. При формирање бригадата имала три пешадиски и еден тежок баталјон составен од две митралески и една минофрлачка чета.[1][2]
Команден состав
[уреди | уреди извор]Командниот состав на бригадата го сочинувале:[1]
- Боро Поцков, командант
Политички комесар бил:
Борбени дејства
[уреди | уреди извор]Формациски бригадата била во составот на Педесет и првата македонска дивизија на НОВЈ и до конечното ослободување на Македонија дејствувала во Струмичко. Водела борби кај селата Чанаклија, Гечерлија и потоа за ослободување на Струмица.[1] По неколкудневното задржување на слободна Струмица во периодот од 5 до 11 ноември 1944 година, добила наредба да го обезбедува граничниот појас кон Грција, а еден баталјон да распореди кај село Моин од 15 ноември до првите денови на декември 1944 година. На 30 ноември 1944 бригадата веќе броела 1524 борци и старешини. По декемвриската воена реорганизација, главнината на бригадата влегла во состав на реорганизираната Педесетта македонска дивизија на НОВЈ, а еден баталјон во новоформираната Осма македонска дивизија на КНОЈ.[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]Литература
[уреди | уреди извор]- Боро Митровски - Борбените дејствија на единиците на НОВ во Струмичкиот регион во периодот септември-ноември, 1944 и германската документација во врска со нив, Струмица и Струмичко во НОВ 1943-1945, Струмица, 1983;