Деветнаесетта македонска ударна бригада
Деветнаесетта македонска ударна бригада | |
---|---|
Борци на бригадата „Гоце Делчев“ за време на дефиле во ослободено Скопје, ноември 1944 | |
Активна | 10 октомври 1944 – 6 декември 1944 |
Битки | Завршни операции за ослободување на Македонија |
Команданти | |
Истакнати команданти | Благој Левков |
Деветнаесеттата македонска ударна бригада (позната и како Бригада „Гоце Делчев“) била формирана на 8 октомври[1] 1944 година во село Лаки, Виничко, на планината Плачковица. Била формирана од еден баталјон од борците на Македонската бригада „Гоце Делчев“, делови на Тринаесеттата македонска бригада и новопристигнати борци. Била во составот на Педесеттата македонска дивизија на НОВЈ. Наскоро нараснала на 1.144 борци и старешини, на 13 ноември 1944 година, а потоа на 1.429 борци на 25 ноември 1944 година.
Команден состав
[уреди | уреди извор]Командниот состав на бригадата го сочинувале:[1]
- Благој Левков, командант
Политички комесар бил:
Борбени дејства
[уреди | уреди извор]Во составот на бригадата делувале четири баталјони, еден придружен и еден извидувачки вод.[1] Дејствувала на комуникациите Штип-Радовиш и Штип-Кочани, спречувајќи го повлекувањето на германските сили кои се повлекувале на север. Позначајни борби во рамките на овие операции се воделе кај село Тернаци и с. Кучино на 30 октомври 1944 година, и кај селото Калаузлија на 4 ноември 1944 година.[1]
По ослободувањето на Штип, учествувала во борбите против балистите и во ослободувањето на Тетово на 19 ноември 1944 година. Со декемвриската реорганизација, бригадата била расформирана на 6 декември 1944 година, а главнината влегла во составот на Четиринаесеттата македонска младинска ударна бригада „Димитар Влахов“.
Наводи
[уреди | уреди извор]