Осма македонска дивизија на КНОЈ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Осма македонска дивизија на КНОЈ
Активнадекември 1944 – 1945
Команданти
Истакнати
команданти
Васко Карангелевски

Осма македонска дивизија на КНОЈ била формирана во слободно Скопје, во втората половина на декември 1944 година.[1]

Команден состав[уреди | уреди извор]

Командниот состав на дивизијата го сочинувале:[1]

Политички комесари биле:

Состав и активности[уреди | уреди извор]

На 15 август 1944 година Врховниот командант наредил да се формира корпус на народната одбрана на Југославија (КНОЈ), чија основна задача би била обезбедување ред и мир во заднината на единиците и заштита на државните граници. Дури по конечното ослободување на Македонија, во рамките на воената реорганизација е формирана оваа дивизија. Во нејзин состав влегле Петата, Десеттата и Триенаесеттата македонска ударна бригада, и по еден баталјон од составот на Дваесеттата и Дваесет и првата македонска ударна бригада.[1] Конечното оформување на оваа дивизија се завршило со упатување на уште една бригада во нејзиниот состав, составена од војници од белградската и војводинската дивизија на КНОЈ. Дивизијата била упатена во реонот на Битола, а нејзина задача била заштита на јужната граница на Демократска Федеративна Република Југославија, како и борба со остатоците на непријателските елементи. По наредба на Врховната команда на југословенската армија, сите народноослободителни партизански одреди, местни стражи и команди на места влегле во составот на оваа дивизија.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 д-р Марјан Димитријевски „Македонската војска 1944-1945“, Скопје, ИНИ, 1999 г., стр. 169-170