Тринаесетта македонска ударна бригада

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Тринаесетта македонска ударна бригада
Тринаесета македонска бригада.jpg
Тринаесеттата македонска народноослободителна ударна бригада
Активна17 септември 1944 – 6 декември 1944
БиткиЗавршни операции за ослободување на Македонија
Команданти
Истакнати
команданти
Тоше Поп Јорданов - Вардарски
Извештај од штабот на 50-та дивизија до главниот штаб на Македонија, во врска со формирањето на 4, 13, и 14 бригада - фотокопија (26 септември 1944 г.)
Извештај од штабот на 50-та дивизија до главниот штаб на Македонија, во врска со формирањето на 4, 13, и 14 бригада - фотокопија (26 септември 1944 г.)

Тринаесеттата македонска ударна бригада била формирана на 17 септември 1944 година во с. Митрашинци, Беровско. Била формирана од околу 800 новопристигнати борци од Малешевијата, во состав на Педесеттата македонска дивизија на НОВЈ[1].

Команден состав[уреди | уреди извор]

Командниот состав на бригадата го сочинувале:[2]

Политички комесар бил:

Борбени дејства[уреди | уреди извор]

Борбените дејства главно се одвивале на теренот на Источна Македонија. До крајот на септември водела борби со германските сили од борбената група „Катнер“ кои се повлекувале од Солун, на комуникацијата Радовиш-Штип. На 22 септември бригадата влегла во Радовиш, но набрзо морала да го напушти поради сè поголемиот притисок на германските единици кои продирале од југ. Во содејство со Четиринаесеттата македонска ударна бригада извршила напад на Штип на 24 септември 1944 година, на Берово и Пехчево на 9 октомври, го завладеала врвот Вртешка (Пехчевско) (12/13 октомври), и конечно на 13 октомври го ослободила Пехчево. Ги завладеала врвовите Голак и Чавка, дејствувала кон Царево Село-Кочани со успешни борби за Могилка-Бигла (14-18 октомври). На 19 октомври 1944 година ја ослободила Виница, и Јакимово на 20 октомври, водела борба кај с. Радња и го ослободила с. Калаузлија на 4 ноември, водела борби кај Пилав Тепе и Зобник, Штипско, (6-7 ноември) и го ослободила Штип (8 ноември)[1].

Во наредниот период бригадата водела борби во пределот на Скопско против балистичките сили. Таму бригадата заедно со останатите единици водела жестоки борби кај хидроцентралата Матка, селата Глумово, Групчин и Ларце, а потоа заедно со Третата македонска бригада го ослободила Тетово на 19 ноември 1944 година.

Со новата воена реформација, боречкиот состав на бригадата влегол во составот на Осмата македонска дивизија на КНОЈ[1].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Младеновски, Симо (2009). Блаже Ристовски. уред. Македонска енциклопедија. 2. Скопје: МАНУ. стр. 1511. ISBN 978-608-203-023-4 (1). 
  2. д-р Марјан Димитријевски „Македонската војска 1944-1945“, Скопје, ИНИ, 1999 г., стр. 120-122