Народноослободителна бригада „Гоце Делчев“

Од Википедија — слободната енциклопедија
Народноослободителна бригада „Гоце Делчев“
Активнасептември 1944 – октомври 1944
БиткиЗавршни операции за ослободување на Македонија

Народноослободителна бригада „Гоце Делчев“ била воена единица на НОВ и ПОМ формирана во Софија од Македонци во Бугарската армија и од доброволци од македонската емиграција во Бугарија, главно студенти и ученици која делувала во периодот од септември 1944 до октомври 1944 година.

Формирање[уреди | уреди извор]

Во текот на формирањето на бригадата во Софија пристигнале командантот на ГШ на НОВ и ПОМ Михајло Апостолски, политичкиот комесар Бане Андреев - Ронката, и делегатот на ЦК КПЈ и ВШ на НОВЈ Светозар Вукмановиќ - Темпо.[1] Се издвоиле две гледишта, според едното бригадата да остане под команда на бугарското воено раководство, и според второт гледиште, бригадата да биде опремена и упатена во Македонија каде нејзините борци ќе бидат распределени во македонските единици од составот на 50 и 51 дивизија. Поради оваа несогласица, споро течело формирањето и испраќањето на боречкиот состав на бригадата во Македонија.[1]

Командат на бригадата бил Пецо Трајков, а политички комесар Мире Анастасов. Бригадата броела околу 4.600 борци и веднаш по формирањето баталјон по баталјон била упатувана во Македонија. На 30 септември 1944 година за Македонија заминал првиот баталјон на оваа бригада, а вториот баталјон на 7 октомври 1944 се присоединил кон единиците на НОВ и ПОМ на планината Плачковица.

По кратко време била расформирана, а постојните борци биле прерасподелени во 19., 20. и 21. македонска народоноослободителна бригада, кои дејствувале во завршните операции за ослободување на Брегалничкиот и Струмичкиот регион,[2] при што 19. македонска бригада го презела името „Гоце Делчев“.

Литература[уреди | уреди извор]

  • Полковник Пецо Трајков, Национализмот на скопските раководители, Софија, 1949
  • Михаило Апостолски, Завршните операции на НОВ за ослободување на Македонија, „Кочо Рацин“, Скопје, 1953
  • Македонија од устанка до слободе 1941-1945. (Зборник радова), Београд, 1987.
  • Марјан Димитријевски, Македонската војска 1944-1945, ИНИ, Скопје, 1999, 140-141.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 д-р Марјан Димитријевски „Македонската војска 1944-1945“, Скопје, ИНИ, 1999 г., стр. ​140-141
  2. „Билтен на ВШ на НОВ и ПОЈ“, IV, 46-47, Положај, ноември-декември 1944.