Втора македонска ударна бригада
Втора македонска ударна бригада | |
---|---|
![]() Цветко Узуновски говори на борците на Втората македонска бригада за време на нејзиното формирање во село Фуштани, 20 декември 1943 година. | |
Активна | 20 декември 1943 – јуни 1945 |
Големина | 480 борци |
Одликувања | ![]() ![]() |
Команданти | |
Истакнати команданти | Диме Туриманџовски |
Втора македонска ударна бригада (позната и како Тиквешка ударна бригада) била формирана во село Фуштани, на планината Кожуф на 20 декември 1943 година. Била формирана од 480 борци на баталјонот „Страшо Пинџур“, Вториот баталјон на Третата оперативна зона на НОВ и ПОМ и Бугарскиот баталјон „Христо Ботев“. По неколку дена, на 23 декември баталјонот „Христо Ботев“ излегол од нејзиниот состав, а бил приклучен баталјонот „Мирче Ацев“. Од 25 август 1944 година, бригадата била во состав на Четириесет и првата македонска дивизија.
По формирање на бригадата, таа почнала да го издава својот орган весникот „Народна борба“.[1]
Состав[уреди | уреди извор]
Во јануари 1944 година бригадата броела околу 445 борци. Командниот состав на бригадата го сочинувале:[1]
- Диме Туриманџовски - командант од 19 декември 1943 до крајот на мај 1944 година
- Методија Поповски - Мајка - командант од јуни 1944 година
- Наум Василевски - Овчар - потпоручник, одреден за командант со наредба на ГШ на НОВ и ПОМ од 6 август (стапил на должност на 25 август) до 25 септември 1944 година
- Живојин Росиќ, командант до 17 октомври 1944 година
- Ванде Лазаревски - командант од 17 октомври до 17 декември 1944 г.
- Пецо Гудов - командант од 17 декември 1944 година
- Раде Поповиќ - Душко - командант од 1 март 1945 година.
Политички комесари на бригадата биле:
- Трифон Трифонов - Балкански - политички комесар од 19 декември 1943 година
- Наум Наумовски - Борче - политички комесар од март до 25 август 1944 година
- Стојан Бочваровски - Бочвар - политички комесар од 25 август 1944 година
- Ристо Стојановски - Железни - политички комесар од септември 1944 година и повторно од 1 март 1945 г.
- Илија Андреевски - Кагин - политички комесар од 17 октомври 1944 година
Борбени дејства[уреди | уреди извор]
Борбените операции на оваа бригада се одвивале на целиот терен на Македонија, од егејскиот дел на Македонија, па сè до Семскиот фронт, Србија, Хрватска и Словенија.
Во текот на првата половина на 1944 година, Втората македонска ударна бригада водела борби против бугарскиот окупатор кај кавадаречко, мегленско, и учествувала во Февруарскиот поход. Изведувала диверзантски акции на пругата Гевгелија-Демир Капија, а потоа преминала на теренот на Прилеп и Мариово. Во рамките на овие операции, бригадата имала жестоки судири со бугарската војска кај село Витолишта, с. Полчишта, с. Конопиште на 7 јуни 1944 година, с. Стрмашево на 12 јуни 1944 година, кај с. Крањево на 19 јуни 1944 г.
Од август 1944 година кога влегува во состав на Четириесет и првата македонска дивизија, бригадата броела околу 1200 борци и старешини. Во текот на септември 1944 година делувала на линијата гевгелија - Велес, а подоцна учествувала во борбите за ослободување на Прилеп и Кичево.
Со воената реорганизација од декември 1944 година, бригадата влегла во состав на Четириесет и осмата македонска дивизија, која пак била дел од Петнаесеттиот македонски корпус. Во состав на корпусот, бригадата учествувала на Сремскиот фронт почнувајќи од 12 април 1944 година, па сè до крајот на војната. На Сремскиот фронт, бигадата го издавала весникот „Нашиот удар“, од кој излегле 5 броја.
Од оваа бригада на Сремскиот форнт загинале 245 борци и старешини.[1]
Наводи[уреди | уреди извор]