Ослободување на Македонија во Втората светска војна

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Завршните операции за ослободувањето на Вардарска Македонија

Ослободувањето на Македонија во Втората светска војна била последна етапа во борбата на македонскиот народ и траела од средината на 1944 година до конечното ослободување во ноември истата година. Ширум Македонија биле формирани околу 500 народно-ослободителни одбори и биле избрани 116 делегати за Првото заседание на АСНОМ како највисоко законодавно и извршно претставничко тело на македонската држава, на кое македонскиот јазик бил прогласен за службен во македонската држава и започна државниот развиток на Демократска Федерална Македонија како федеративна држава во рамките на ДФ Југославија. Тие решенија биле поддржани и од првата легална конференција на БКП за Горноџумајската област (Разлошка, Неврокопска, Светиврачка, Петричка и Горноџумајска околија), а во Егејскиот дел на Македонија биле формирани Костурско-леринскиот баталјон, Воденскиот македонски баталјон и потоа Првата егејска бригада, која зела учество во борбите за ослободување на Тетовско и Гостиварско.

Во времето на завршните операции за ослободувањето на Македонија, под командата на Главниот штаб на Народноослободителната војска на Македонија и Партизанските одреди на Македонија веќе имале околу 85.000 учесници во НОАВМ, со 7 дивизии и 3 корпуси, меѓу кои и околу 10.000 борци и заднински соработници од Егејскиот и Пиринскиот дел на Македонија.

По капитулацијата на Царството Бугарија, германските сили се повлекувале со големи загуби. А со ослободувањето на Гостивар и Тетово завршило целосното ослободување на Вардарска Македонија. Подоцна македонските дивизии учествувале и во ослободувањето на Косово и Јужна Србија, а Петнаесеттиот македонски корпус на НОВЈ, составен од 22.000 борци, зеде учество и во завршните операции за ослободувањето на Југославија. Македонскиот народ во Вардарска Македонија ја заврши војната со околу 25.000 загинати борци и жртви. Од нив по националност: 7.000 Евреи, 7.000 Македонци, 6.000 Срби, 4.000 Албанци и 1.000 Бугари (2.000 цивилни, 1.000 колаборационисти, 14.000 југославски воjници и партизани и 7.000 логорници).

Создавање на АСНОМ[уреди | уреди извор]

Создавање на дивизии и корпуси[уреди | уреди извор]

Напади врз окупаторските комуникации[уреди | уреди извор]

Пад на Бугарија[уреди | уреди извор]

Бугарија прогласува воjна на Германија[уреди | уреди извор]

Пречек на партизаните во Петрич (9 септември 1944)

Во периодот од почеток на септември до крајот на ноември 1944 година во бугарската политика спрема Македонија, Тракија и Поморавјето настапуваат нагли и драматични пресврти кои се поврзани со воено повлекување и повторно воено навлегување во овие области.

На 6 септември 1944 година во штабот на Петтата бугарска армија била примена наредба сите делови да се соберат на 9 септември во Прилеп и да се движат источно од реката Вардар. Во меѓувреме, командантот генерал Александар Попдимитров склучил договор, на 7 септември 1944 година со германскиот штаб во Скопје, за „симболична војна“ на двете земји во Македонија. Ова негово дејствување ги деморализирало бугарските војници и одиграло фатална улога. Така започнало повлекувањето на Петтата бугарска армија од Македонија, што било дезорганизирано и хаотично и многу војници биле уапсени од Германците. Само 17-та пешадиска дивизија, која се наоѓала најблиску до бугарска граница успеала целосно да се повлече, а 15-та дивизија единствено се спротивставила и водела борби со Германците во Битола и Прилеп, а потоа се повлекла во мали групи кон Бугарија.

Македонците и нивните сојузници, југословенските партизани, без оглед на новата состојба во Софија, кон бугарската држава се однесувале како кон непријателска сила, имајќи го на ум фактот дека Бугарите биле сојузници на фашистите.

Во текот на ноќта на 8 спрема 9 септември во услови кога започнала советска окупација, левите офицери ги презеле клучните пунктови во Софија. Така во пракса, воените дејствија против Германците почнуваат по доаѓањето на власт на владата на Татковинскиот фронт на 9 септември. Тој бил предводен од Кимон Георгиев од политичкиот круг „Звено“ кој веднаш потпишал примирје со Советскиот Сојуз. Во таква ситуација како најголем стабилен партнер на новата влада се јавил т.н. „Национален комитет за ослободување на Југославија“.

Како резултат на тоа, на 5 октомври 1944 година во Крајова, Романија се склучил договор за воена соработка меѓу Бугарија и претставници на отпорот од окупирана Југославија.[1][2] Во меѓувреме, Бугарија се повлекла и од централните делови на Егејска Македонија кон крајот на август. Неjзните воjски изградиле одбранбена линија по старата граница на окупаторска зона во Грција (1941-1943 г.) по бреговите на Струма до Егејското Море. По овоj правец во средината на септември таа успешно организирала неколку мали напади на германските војски.

По превратот новата власт не дала наредба за повлекување на бугарските војници од источна Егејска Македонија и Западна Тракија, надеваjќи се да ги зачува како „бугарски земји“. На 6 октомври, сепак, Сталин му соопштил на Георги Димитров дека бугарските војски треба да се повлечат оттаму, бидејќи тоа е еден од условите на Велика Британија, териториии биле предадени на македонските и грчките партизани од ЕЛАС. На 28 октомври било потпишано т.н. „Московско примирје“ со СССР, САД и Велика Британија во Москва.

Прогласот со кој се објавува дека Скопје е ослободено од страна на 42 македонска дивизија и македонските единици.

Учеството на Бугарската народна армија во ослободувањето на Македонија[уреди | уреди извор]

Бугарски војски на пат за Скопје утрото на 14 ноември, со цел да парадираат низ градот како негови ослободители, по што им било дозволено само да се одморат и да го напуштат градот без никакви паради - бидејќи не учествувале во ниту една ослободителна битка и буквално немаат ниту еден испукан куршум за слободата на Скопје.[3]
На Бугарски војници не им било дозволено да парадираат во Скопје (бидејќи не учествувале во неговото ослободување). Биле протерани под закана дека ќе бидат стрелани доколку продолжат да чекорат кон плоштадот во Скопје на 14 ноември.[3]

На 18 септември 1944 година бугарската војска се потчинила на командантот на III-ти Украински фронт на чело со маршал Фјодор Толбухин. Мобилизирањето на бугарската армија (преименувана во Бугарска народна армија) започнало на 18 септември, а завршило кон крајот на истиот месец. Пред бугарската армија, како дел од силите на советскиот III-ти Украински фронт, се поставила задачата да го обезбедува левото крило на Црвената армија, да ги притисне германските сили во Србија и Вардарска Македонија и да го прекине патот за повлекување на германските армии од Грција по долините на реките Морава, Вардар и Ибар.[4][5] Бугарската воена група била во јачина од 10 дивизии, 8 бригади и други војничкиот сили, кои се состоеле од околу 340,000 души.[6]

Од 8 до 14 октомври 1944 година бугарските војски со согласност на Националниот комитет за ослободување на Југославија, Президиумот на АСНОМ и Главниот штаб на Народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија учествуваат во Нишката операција - во која била поразена VII СС дивизија, а градот Ниш бил ослободен. Од 8 октомври до 11 ноември траела Страцинско-кумановската операција - кога биле ослободени Страцин и Куманово. Во овие операции било дозволено и учество на мал дел на бугарската народна армија, но оваа територија е ослободена со пожртвувавната борба на 17 и 18 македонска бригада, инжинерискиот баталјон, самостојниот баталјон на народна одбрана како  команди на подрачјето и местата.[7][8]

Бугарската пропаганда, се труди да прикаже дека тие имале некаков удел на ослбодувањето на Македонија, но во сите спомени и интервјуа на македонските партизани и самото цивилно население го покажува токму спротивното. Бугарската армија се упатила кон Скопје, сакајќи да парадира како ослободителна војска (а, впрочем не учествувала во ниту една битка за ослободување на главниот град, бидејќи пристигнале утрото на 14 ноември откако градот веќе бил ослободен). Паралелно со оваа нечесна игра на бугарската армија, Радио Софија,[3] секојдневно ширела дезинформации низ бугарските медиуми како нивните војски играат ослободителна улога во Македонија. Ова со гнев било увидено од страна на Генералот Апостолски, кој тогаш издал наредба, со која им се забранило воопшто да влезат во Скопје, а не пак да парадираат:[3][9]

Набргу по нивното заминување, кај мене дојде еден командант на полк и ми рече дека сакале да одржат парада во Скопје. Во меѓувреме, влегле и некои единици во индустрискиот дел на градот. Ваквото барање и доаѓањето на некои нивни единици во градот, кај мене предизвикаа голем револт и лутина. Веднаш им реков дека нема да можат да одржат никаква парада во Скопје, зашто парада одржува само оној што се борел за Скопје, а тие пушка не пукнале за неговото ослободување. Им наредив веднаш да го напуштат градот. - Генерал Михајло Апостолски

Во исто време се водела и Брегалничко-струмичката операција и како резултат на неа биле ослободени Делчево, Кочани, Штип, Струмица, Велес и други населби. За Брегалничко-струмичката операција, бугарската народна армија останала пасивна и не учествувала во ниту една од борбите за ослободување на било кој од овие градови. Дури спротивно на тоа, бил забележан нивниот некоректен однос кон македонското население, кон кое сеуште се однесувале како да се тие окупатори. Тоа било забележано од македонските партизани на што веднаш било реагирано кон бугарските министри и било испратено следното писмо:[10]

Некои бугарски старешини и војници се однесуваат кон нашето население и нашата војска како да се наоѓаат во окупирана, а не во сојузничка земја. Сосема е природно што таквото држење предизвикува големо незадоволство и огорченост во нашиот народ и нашата војска, кои се сеќаваат на предавствата, на бугарските агенти на германскиот фашизам, а тоа сеќавање е сеуште свежо, па тоа многу го спречува изградувањето на она единство во борбата против општиот непријател. Меѓутоа наспроти сите наши напори, инцидентите не престануваат, дури се продлабочуваат и ние сме принудени да Ви се обратиме со намера да побараме ваша интервенција...[10]

Со ова писмо, издадена е наредба до Бугарија, преку штабот на македонскиот Брегалничко-струмички корпус, преку два патни правци да си ја повлечат бугарската армија назад во Бугарија. Биле забранети било кои други правци да ги користат кога ќе се повлекуваат и доколку било кој бугарски војник повтори некаков инцидент кон македонското население ќе му биде судено на лице место, а во случај на отпор ќе бидат и стрелани. Се издала наредба со која им се забранува било какво формирање на органи на власт или воена полиција, како и забрана за движење низ македонските села. Јасно им било дадено до знаење дека на македонска територија, ќе се почитува македонската власт. [10]

Од 21 октомври до 30 ноември се одржала Косовската операција, во текот на која биле ослободени градовите Подуево, Приштина, Косовска Митровица, Рашко и Нови пазар. Насекаде југословенските партизани соработувале со Бугарската народна армија но под условите кои ги поставил Тито, а потпишани од Добри Терпешев, но оваа соработка е обележана со тешкотии при делувањето и недоволно разбирање помеѓу единиците.[11].

Под притисок на македонските водачи, по ослободувањето на Вардарска Македонија и Поморавјето, Втората и Четвртата армија се принудени да се повлечат назад во Бугарија, а само Првата бугарска армија била оставена на располагање на Третиот украински фронт и продолжила кон Белград.

Како е спречена Бугарската парада во Скопје[уреди | уреди извор]

Најјасни податоци за овој чин дава Боро Чушкар во неговите мемоари и сеќавања. Исто така го потврдува фактот за манипулацијата на Радио Софија, која на големо ги манипулирала бугарските граѓани дека Генералот Стојчев лично го ослободил Скопје.[12]

„Стигнавме кај Железничката станица во последна минута. Бугарските осмореди само што не беа тргнати по главната улица на параден марш. Рипнавме од коњот и Ѓуро и јас. Му пријдовме на најстариот по чин офицер. Беше тоа командант на дивизијата, а по чин беше – генерал мајор. Сув, слабичок и некако жолт, како лимон.

Отидов и го прашав: „Знаеш ли дека ова не е царска Бугарија? Знаеш ли ти, генерале, дека се наоѓаш во Југославија? Знаеш ли ти дека војуваме против вас четири години? Да ви ја ебам мајката фашистичка! Знаеш ли ти, ѓубре едно бугарско, ако направите уште еден единствен чекор кон градот, дека ќе наредам да се пука кон вас од сите оружја и орудија што ги има во градот!?

Се влечете како лешинари по нас и јавувате по радио како ја „ослободувате Македонија”!? Каде вие испаливте куршум за ослободување на Велес и Скопје, да ви ебам мајката! Што ви дава за право така гадно и подло да се лажете себеси и светската јавност!? Сместа во овој момент ќе им наредите на војската да се сврти на лево круг и сите да се вратите во касарните од каде и дојдовте. Дали разбравте, генерале? Со нас шали ќе нема!“, му реков нему, а кога завршив, видов дека сè уште го држам за градите како детска играчка.

Тој цело време трепереше како штиклица. На крајот, сепак, отсечно рече „Јасно другар. Но јас не сум виновен. Таква наредба добив“.

Тогаш јас повторно викнав „Да им ебам мајката на оние што ти дале наредба за ова. Наредби они можат да дадат за изведување вежби во касарните каде ве примивме како гости, а не да ми се маате и парадирате по градот. За тоа само ние можеме да дадеме одобрување, а не твојата посрана влада од Софија. Дали сега ти е јасно?“, го прашав.

„Сичко ми е јасно“, рече тој. Тогаш тој престрашен генерал со сув глас нареди круг на лево, и се вратија

—Сеќавања на Боро Чушкар

Борецот Трајко Стаматовски, исто така потврдува дека ослободувањето на Скопје е дело на македонските борци и партизани. Потегот на генералот Апостолски да не им се дозволи парадирање на бугарската армија (бидејќи не учествувале во битките за слобода на Скопје), според него одиграл важна улога и за денешно време. Изненаден од тоа што Бугарија и во модерно време пробува да ја извртува и манипулира историјата за овој настан, смета дека ако тогаш им се дозволело да парадираат, дека денес Македонија ќе имала многу поголеми проблеми, објаснувајќи се со бугарската историографија.[13]

Пиринска Македонија по падот на фашистичката влада[уреди | уреди извор]

Борби при повлекувањето на германската армиска група Е[уреди | уреди извор]

Операции за ослободување на Македонија[уреди | уреди извор]

Извори[уреди | уреди извор]

  1. The establishment of communist regimes in Eastern Europe, 1944-1949, Norman M. Naimark, Leonid Ianovich Gibianskiĭ, Westview Press, 1997, ISBN 0-8133-8997-6, p. 60.
  2. The Macedonian question and the Yugoslav-Bulgarian relations (1944–1948). Dobrin Michev, Sofia University publishing house, Sv. Kliment Ochridski, 1994, p. 378.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 „Од „Спомените" на генерал Михајло Апостолски-Парада одржува само оној што се борел за Скопје“. Pressing TV. 2020-11-13.
  4. Axis Forces in Yugoslavia 1941-45, Nigel Thomas, K. Mikulan, Darko Pavlović, Osprey Publishing, 1995, ISBN 1-85532-473-3, p. 33.
  5. World War II: The Mediterranean 1940-1945, World War II: Essential Histories, Paul Collier, Robert O'Neill, The Rosen Publishing Group, 2010, ISBN 1-4358-9132-5, p. 77.
  6. The Oxford companion to World War II, Ian Dear, Michael Richard Daniell Foot, Oxford University Press, 2001, ISBN 0-19-860446-7, p. 134.
  7. „Првите 50 дена по ослободување на Куманово“. KumanovoNews.
  8. „Димитриевски му одговори на Заев: Ова се фактите за ослободувањето на Куманово“. Слободен печат. 2020-11-26.
  9. „Генералот Михајло Апостолски спречи влез на бугарска војска во Скопје“. МКД.мк.
  10. 10,0 10,1 10,2 Кире Филов. „Македонска Ризница бр. 11“. Issuu (мк).CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  11. War and revolution in Yugoslavia, 1941-1945: occupation and collaboration, Jozo Tomasevich, Stanford University Press, 2001, ISBN 0-8047-3615-4, p. 168.
  12. „Како не успеала бугарската парада за „ослободувањето" на Скопје“. Pressing TV. 2018-11-13.
  13. „70 години слободно Скопје! Мали битки за голема победа!“. Фактор Портал.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]