5 октомври (настани)
Изглед
1502 | На своето четврто патување во Америка, морепловецот Кристофер Колумбо ја откри Костарика, земја на брегот на Карипското Море и Тихиот Океан, во Средна Америка. |
1582 | Според предлозите на комисија од врвни астрономи, папата Григориј XIII извршил реформа на јулијанскиот календар поради разликата во траењето на календарската (јулијанска) и природната година. Поради тоа, во Италија, Полска, Португалија и Шпанија деновите од 5. до 14 октомври во 1582. година се прескокнати. |
1864 | Индискиот град Калкута е скоро целосно уништен од циклон; 60.000 жртви. |
1910 | Португалија ја отфрла монархијата и се прогласува за република. |
1912 | Потписничките на Балканскиот сојуз — Србија, Бугарија, Црна Гора и Грција — ѝ предадоа ултимативна нота на Турција, по што почна Првата балканска војна. |
1915 | Бугарија влегува во Првата светска војна како една од Централните сили. |
1962 | Во Велика Британија е прикажан првиот филм со Џејмс Бонд — „Д-р Но“. |
1991 | Издадена е првата официјална верзија на Линуксово јадро, верзија 0.02. |
1994 | Во Лондон е отворена првата презентација на предмети од бродот „Титаник“, што потона пред 82 години. Изложбата „Остатоците од Титаник“ поставена во Националниот поморски музеј во Гринич, прикажува околу 150 од вкупно 3.600 предмети извадени од морското дно, откако бродот беше откриен во 1985 година. |
1995 | Собранието на Република Македонија со 110 гласови „за“ и само еден воздржан од присутни 111 пратеници, едногласно го усвои Законот за знамето на Република Македонија. |
1997 | Египетски официјални претставници соопштија дека почнува нова потрага по гробот на Александар Македонски во срцето на средоземниот град Александрија, што тој го основал во 332 година п.н.е. |
2007 | На Градскиот стадион во Скопје, пред повеќе од 25.000 посетители, македонската музичка суперѕвезда Тоше Проески го одржува својот последен концерт; концертот е од хуманитарен карактер и е наменет за обнова на основните училишта во земјата. |