1912
< XIX век | XX век | XXI век > | |||||||
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
Грегоријански календар | 1912 MCMXII |
Ab urbe condita | 2665 |
Ерменски календар | 1361 ԹՎ ՌՅԿԱ |
Асирски календар | 6662 |
Бахајски календар | 68–69 |
Балиски календар | 1833–1834 |
Бенгалски календар | 1319 |
Берберски календар | 2862 |
Будистички календар | 2456 |
Бурмански календар | 1274 |
Византиски календар | 7420–7421 |
Кинески календар | 辛亥年 (мет. свиња) 4608 или 4548 — до — 壬子年 (вод. стаорец) 4609 или 4549 |
Коптски календар | 1628–1629 |
Етиопски календар | 1904–1905 |
Еврејски календар | 5672–5673 |
Хиндуистички календари | |
- Викрамска ера | 1968–1969 |
- Сачка ера | 1833–1834 |
- Кали-југа | 5012–5013 |
Холоценски календар | 11912 |
Игбоански календар | 912–913 |
Ирански календар | 1290–1291 |
Исламски календар | 1330–1331 |
Јапонски календар | Мејџи 45 / Тајшо 1 (大正元年) |
Јавански календар | 1841–1842 |
Џуче-календар | 1 |
Јулијански календар | грегоријанската без 13 дена |
Корејски календар | 4245 |
Мингуо-календар | Р. Кина 1 民國1年 |
Нанакшахи | 444 |
Тајландски сончев календар | 2454–2455 |
Тибетски календар | 阴金猪年 (женско железо-свиња) 2038 или 1657 или 885 — до — 阳水鼠年 (машка вода-стаорец) 2039 или 1658 или 886 |
1912 (MCMXII) — престапна година според општоприфатениот календар. Тоа била 1912 година од новата ера, 912. од вториот милениум, 12. од XX век и трета од 1910-тите.
Други календари
[уреди | уреди извор]Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7420 и 7421 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6662 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5672 и 5673 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2665.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1912 година се протега во 4548 и 4549, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4608 и 4609 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2455. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1330 и 1331 исламска година.
Настани
[уреди | уреди извор]- 1 јануари — Прогласена е Република Кина.
- 6 јануари — Ново Мексико станува 47 држава на САД.
- 14 февруари — Аризона станува 48 држава на САД.
- 13 март — Потпишан е Бугарско-српскиот договор со кој е поставени темелите на Балканскиот сојуз.
- 15 април — Потона прекуатланскиот брод Титаник. 1.517 лица го загубија животот.
- 5 мај — Во Стокхолм се отворени Летните олимписки игри.
- 29 мај — Потпишан е Бугарско-грчкиот договор помеѓу Царството Бугарија и Кралството Грција.
- 25 август — Во Кина е основан Куоминтангот.
- 4 септември — Османлиското Царство ги прифаќа барањата на албанските востаници, со што завршува Албанското востание од 1912 година.
- 8 октомври — Црна Гора ѝ објавува војна на Османлиското Царство со што започнува Првата балканска војна.
- 17 октомври — Србија, Бугарија и Грција ѝ објавуваат војна на Османлиското Царство.
- 18 октомври — Италија и Османлиското Царство потпишуваат мировен договор со што завршува Италијанско-турската војна.
- 23 — 24 октомври — Прва балканска војна: Кумановска битка. Прв поголем судир меѓу српската и турската војска.
- 3 — 6 ноември — Прва балканска војна: Прилепската битка меѓу српската и турската војска.
- 16 — 19 ноември — Прва балканска војна: Битолска битка. Победа на српските над турските единици.
- 28 ноември — Албанија прогласува независност од Османлиското Царство.
Родени
[уреди | уреди извор]- 20 мај — Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Михаил, поглавар на Македонската православна црква
- 15 декември — Реј Имс, американска дизајнерка и архитект
- 16 декември — Коле Неделковски, македонски поет
Починале
[уреди | уреди извор]- 30 март — Карл Мај, германски писател
- 10 јуни — Антон Ашкерц, словенечки поет