Прејди на содржината

Јужна Србија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Карта на Јужна Србија

Јужна Србија, нарекувана како југ на Србија, југоисточна Србија, југ на Централна Србија, Јужно Поморавље е историско-географска област[1][2] во Србија која на исток се граничи со Бугарија, на југ со Македонија, југозапад со Косово, а на север со линија Копаоник—Јастребац—Алексинац—Стара планина. Територијата опфаќа Нишавски, Јабланички, Пчињски, Пиротски и Топлички Управен Округ.[3] Површината е околу 14.000 km2 со околу 877.000 жители според пописот од 2022. година. Жителите на Јужна Србија се нарекуваат Јужњаци[4][5][6] и зборуваат торлачки кои е многу различен од српски стандардниот јазик.

Историја

[уреди | уреди извор]

Историски во XIX век овие краеви по подпаѓањето под Кнежевство Србија 1878 година нарекувани су Нови Крајеви или Нова Србија. Со текот на времето поимот го менувал значењето. Во првата половина на 20 век терминот се употребуваше за означување на просторот на денешна Македонија, односно просторот на Вардарска Бановина (кој ја опфаќал скоро истата територија), со желбата за србизиранието на македонско население.

Србите го употребуваа овој термин во својата пропаганда и во историска конотација поради тоа што во времето на Стефан Милутин, Стефан Дечански и Стефан Душан (1284 - 1355), Немањичите владеат со областа Македонија.

Од територијалната реорганизација по Втората светска војна, овој термин активно не се употребува, поради тоа што од тогаш поголемиот дел на јужниот дел на Србија го опфаќа Косово и Метохија, додека преостанатиот дел географски се нарекува југоисточна Србија.

Население

[уреди | уреди извор]

Словенско население на Јужна Србија зборува торлачки, освен во Куршумлија и Блаце каде се зборува косовско-ресавски дијалект на српски јазик. Претежно се сметав за Срби, освен во Димитровград и Босилеград, каде мнозина Словени се смета за Бугари. Поред словенско население во Јужна Србија живее албанско население во општини Прешево, Бујановац и Медвеѓа, и ромско население. Албанци се мнозина во Прешево и Бујановац.[7]

Градови и општини

[уреди | уреди извор]
Управен Округ Седиште Градови и општини Насрлби
Нишавски

Ниш
285
Јабланички

Лесковац
336
Пчиески

Врање
363
Пиротски

Пирот
214
Топлички

Прокупље
267

Галерија

[уреди | уреди извор]

Познати личности

[уреди | уреди извор]
  1. Calic Marie-Janine (2019). A History of Yugoslavia. p.26.
  2. Bechev Dimitar (2019). Historical Dictionary of North Macedonia. p 302.
  3. Регион Јужне Србије optimizacijazdravstva.rs
  4. „Да ли јужњаци довољно штеде?“. juznasrbija.info.
  5. „Južnjak – Prvi portal bez gramatiku“. jugmedia.rs.
  6. „Beograd ima padeže, a južnjaci dušu“. aljazeera.net.
  7. Ethnic composition: 2022 census pop-stat.mashke.org

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]