Вардарска бановина
Vardarska banovina Вардарска бановина | |||||
Бановина на Кралството Југославија | |||||
| |||||
Вардарската бановина (црвено) во рамките на Кралството Југославија (светложолто) | |||||
Главен град | Скопје | ||||
Историја | |||||
- | Основана | 3 октомври 1929 | |||
- | Укината | 1941 | |||
Површина | |||||
- | 1931 | 36.672 км2 | |||
Население | |||||
- | 1921 | 1.323.546 жит. | |||
- | 1931 | 1.574.243 | |||
Густина | 42,9 жит./км2 | ||||
Денес во | Македонија, Србија, Косово |
Вардарската бановина — административно територијална единица (бановина) во рамките на Кралството Југославија од 1929 до 1941 год. Се наоѓала на најјужниот дел на земјата, во чии рамки спаѓала целата територија на денешна Република Македонија, јужните делови од Централна Србија и југоисточно Косово. Именувана е по реката Вардар со административен центар во градот Скопје.[1]
На чело на бановината бил бан, именуван од кралот, по предлог од Министерскиот совет, со мандат од 4 години. Бановината е востановена е со посебен закон и во неа влегувале Вардарскиот дел на Македонија, Јужна Србија и речиси цела Метохија, со вкупно 36.672 км2. Бановината била поделена на 44 околии и 453 општини, подоцна намалени на 365. Градот Скопје бил посебна административна единица, изземена од Скопската околија.
Според статистиките од 1930 година, од деветте југословенски бановини во тоа време, Вардарската бановина била најголема бановина со површина од 38.879 км2, а четврта според население со 1,386,370 жители.[2]
Граници
[уреди | уреди извор]Според уставот на Кралството Југославија од 1931, Вардарската бановина на север се граничи со границите на Зетската и Моравската бановина, а на исток, југ и запад со државните граници на Бугарија, Грција и Албанија.
Историја
[уреди | уреди извор]Бановината е создадена со административно-територијалната поделба во новонастанатата држава Југославија во 1929 година, согласно Видовденскиот устав. Подоцна е потврдена и со првиот Југословенски устав од 1931 година.
Во 1941, силите на Оската во Втората светска војна ја окупираат Вардарската бановина и ја делат помеѓу Бугарија, Србија под германска окупација и Албанија под италијанска окупација. По Втората светска војна, јужниот дел од регионот станал Социјалистичка Република Македонија додека северниот дел се припоил кон Социјалистичка Република Србија, кои пак биле дел од Социјалистичка Федеративна Република Југославија.
Демографија
[уреди | уреди извор]Попис на населението на Кралство Југославија од 1931[3] (по вероисповед) | |||
---|---|---|---|
вера | број на верници | % | |
Банови
[уреди | уреди извор]Слика | Име (Роден–Починал) |
Почеток на мандатот | Крај на мандатот |
---|---|---|---|
Живоин Лазиќ (1876—1958) |
1929 | 1932 | |
Добрица Матковиќ (1887—1973) |
1932 | 1933 | |
Драгослав Ѓорѓевиќ (1887—1973) |
1933 | 1935 | |
Ранко Трифуновиќ (1878—1939) |
1935 | 1936 | |
Душан Филиповиќ | 1936 | 1936 | |
Драган Пауновиќ | 1936 | 1937 | |
Марко Новаковиќ | 1937 | 1939 | |
Владимир Хајдук-Вељковиќ (1892—1939) |
1939 | 1939 | |
Александар Цветковиќ (1892—1939) |
1939 | 1939 | |
Александар Андреевиќ (1877—?) |
1939 | 1940 | |
Живоин Рафајловиќ (1871—1953) |
1940 | 1941 |
Наводи
[уреди | уреди извор]- Уставот на Кралството Југославија (англиски)
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Heinz Willemsen/Stefan Troebst: Schüttere Kontinuitäten, multiple Brüche; Die Republik Makedonien 1987-1995 in Egbert Jahn (Hrsg.): Nationalismus im spät- und postkommunistischen Europa. Band 2: Nationalismus in den Nationalstaaten, Verlag Nomos, 2009, ISBN 978-3-8329-3921-2, S. 517 (германски)
- ↑ Објавено од Централното Пресс Биро на Министерскиот совет, Белград, 1930 година.
- ↑ „Глас јавности: Попис 1931. по Бановини“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2022-10-21.