Град Скопје

Од Википедија — слободната енциклопедија
Град Скопје
Општина
Знаме на Град СкопјеГрб на Град Скопје
Карта
ДржаваМакедонија
СедиштеГрад Скопје
Општини
Управа
 • ГрадоначалникДанела Арсовска
Површина
 • Вкупна659,87 км2 (254,78 ми2)
Население (2021)[1]
 • Вкупно526.502
 • Густина800/км2 (2,100/ми2)
Часовен појасCET (UTC+01:00)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+02:00)
Повикувачки број+02
Регистарски табличкиSK
Мреж. местоskopje.gov.mk

Град Скопје — посебна административна единица во Република Македонија која го покрива главниот град на државата, Скопје. Се состои од 10 општини. Дел е од Скопскиот Регион.

Поделбата на Град Скопје како посебна единица на локална самоуправа е дефинирана во Законот за Град Скопје[2], донесен на 16 август 2004 година.

Град Скопје се граничи со Општина Чучер-Сандево и Косово на север, Општина Јегуновце и Општина Желино на запад, Општина Сопиште и Општина Студеничани на југ и Општина Илинден, Општина Липково и Општина Арачиново на исток.

Општини[уреди | уреди извор]

Десетте општини во градот Скопје се:

Општина HASC[1] Центар на општината Површина
(км2)
Население
(2002)
Аеродром MK.AD Аеродром 21,85 77.735
Бутел MK.BU Бутел 60,79 37.968
Гази Баба MK.GB Гази Баба 110,86 69.626
Ѓорче Петров MK.GP Ѓорче Петров 66,93 44.844
Карпош MK.KX Карпош 105 63.760
Кисела Вода MK.VD Кисела Вода 46,86 61.965
Сарај MK.AJ Сарај 229,06 38.399
Центар MK.CE Центар 7,52 43.893
Чаир MK.CI Чаир 3,52 62.586
Шуто Оризари MK.SO Шуто Оризари 7,48 25.726
Град Скопје Вкупно 659,87 526.502

Демографија[уреди | уреди извор]

На пописот од 2002 година,[2] Скопје има 506.926 жители. Најбројна етничка група се Македонците со 66,75% од населението, а потоа Албанците (20,46%), Ромите (4,63%), Србите (2,82%), Турците (1,70%), Бошњаците (1,50%) и Власите (0,50%).

97,5% од населението над 10-годишна возраст е писмено.

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Во 2017 година, администрацијата на градот Скопје ја сочинувале 642 вработени, а вкупниот број вработени, заедно со јавните претпријатија, изнесувал 7.618. Од нив, најмногу биле вработени во ЈСП „Скопје“ (1.356), како и во ЈП „Водовод и канализација“ (1.164), во ЈП „Комунална хигиена“ (1.097), во ЈП „Улици и патишта“ (251) итн.[3] Градоначалничка на Град Скопје е Данела Арсовска. Таа бил избрана на локалните избори во 2021 година за мандат од четири години. Советот на Град Скопје е составен од 45 члена. Според последните локални избори година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2021-2025 се:

  Левица (4)
  АА (1)
  А (1)
  СДСМ (12)
  ДУИ (5)
  ДОМ (1)
  ЛДП (1)
  ЗХГ (2)

Историја[уреди | уреди извор]

  • Во 1945 со закон, Македонија територијално се организира во 4 области, 32 подобласти и 894 народни општини.
  • Од 1949 до 1952 се донесуваат шест закони за територијална организација.
  • Во 1952 бројот на општините паѓа од 223 на 86, а на подобластите од 18 на 7.
  • Во 1955 градот Скопје добива посебен административен статус, составен од 4 општини: Идадија, Кисела Вода, Саат Кула и Кале.
  • Во 1957 има 7 подобласти и 73 општини во 1965.
  • Во 1965 со законот кој ги дефинирал границите на општините во СРМ, подобластите се укинуваат и бројот на општините станува 32. Во подрачјето на Град Скопје, општината Саат кула се припојува кон општината Кале. Со тоа, бројот на општини кои го образуваат градот Скопје се намалува на 3.
  • Во 1969 општините на градот Скопје се обединуваат во единствена општина под назив Општина на Град Скопје.
  • Од 1976 до 1996 Скопје е организирано како посебна социо-политичка заедница од 5 општини: Гази Баба, Карпош, Кисела Вода, Центар и Чаир.
  • Од 1996 до 2004 Скопје се дефинира како посебна единица на локална самоуправа и има 7 општини: Гази Баба, Карпош, Кисела Вода,Центар, Чаир, Шуто Оризари и Ѓорче Петров.

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. ^ Хиерархиски кодови на административна поделба (HASC): поврзани со поддржавни ISO-кодови (сѐ уште недефинирани за македонските општини)
  2. ^ Резултати од пописот на македонски и англиски (PDF)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 - прв сет на податоци“. Државен завод за статистика на Македонија. Посетено на 30 март 2022.
  2. Закон за градот Скопје - “Сл. весник на Р Македонија”, бр. 55/04 од 16.08.2004 година
  3. „Мора ли Шилегов да прима 101 нов работник, кога на располагање има 7.620?“, Скопско Ехо, бр. 75, 7.6.2018, стр. 4-5.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]