Кралство Југославија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Кралство Југославија¹
Kraljevina Jugoslavija
Краљевина Југославија

 

1918–1943
Знаме Грб
Гесло
Српски: Један народ, један краљ, једна држава
Хрватски: Jedan narod, jedan kralj, jedna država
Словенечки: En narod, en kralj, ena država

„Една нација, еден крал, една земја“
Химна
Национална химна на Кралството Југославија
Кралството Југославија во 1930те.
Главен град Белград (1918–1941)
Гл. град во бегство Лондон (1941–1944)
Јазици Српско-Хрватско-Словенечки
Уредување Уставна монархија (1918–1929, 1934–1945)
Апсолутна монархија (1929–1934)
Крал
 -  1918–1921 Петар I
 -  1921–1934 Александар I
 -  1934–1945 Петар II
Регент
 -  1934–1941 Принц Павле
Историски период Меѓувоен период
 -  Унија 1 декември 1918
 -  Диктатура 6 јануари 1929
 -  Инвазија 6 април 1941
 -  Објавена република 29 ноември 1945
Површина
 -  1921 247542 км²
Население
 -  1921 11984911 
     Густина 48.4 жит/км²
 -  1931 13934038 
     Густина 56.3 жит/км²
Валута Југославенска круна (1918–1920)
Југословенски динар (1920–1944)
1Претходно позната како Кралство на Срби, Хрвати и Словенци 1918 - 1929.
2: српскохрватски јазик и словенечки јазик

Кралството Југославија било кралство на Балканот коешто постоело од почетокот на Првата светска војна до почетокот на Втората светска војна. Се простирало на териториите на денешните држави: Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и најголемиот дел од денешна Словенија и Хрватска. Во текот на своите почетни единаесет години (до 1929 година) било познато како Кралство на Србите, Хрватите и Словенците.

Историја[уреди | уреди извор]

Сообраќајна дозвола за велосипед, издадена во 1935 година.
Карта на југословенските бановини.

Државата на Србите, Хрватите и Словенците била создадена на 1 декември 1918 година, како наследна уставна унитарна монархија. Држава со доминантен аграр, и слабо развиена индустрија, банкарство, трговија и сообраќај. Во 1921 година бил донесен Устав на Кралството СХС и дејствувале национални политички партии на трите конститутивни народи и југословенски интегристички партии. На 6 јануари 1929 година кралот Александар го суспендирал Уставот и воспоставил диктатура. Во 1931 г. било вратено уставното уредување со донесување на нов Устав.

Владата на ЦветковиќМачек на 25 март 1941 г. потпишала акт за пристапување на Кралството кон Тројниот пакт, што предизвикало големи мартовски демонстрации. На 27 март 1941 г. бил извршен државен удар, а власта ја презел генералот Душан Симовиќ. На 6 април 1941 е извршен нападот на Германија на Кралството Југославија, а на 17 април бил потпишан актот за капитулација на Кралството Југославија. Меѓународно правно Кралството Југославија постоело за сето време на Втората светска војна, претставувано од Кралската влада во егзил во Лондон. Државниот континуитет со ФНРЈ бил потврден со двата договора Тито-Шубашиќ потпишани во 1944 г., првиот на 16 јуни на Вис, а вториот на 1 ноември во Белград.

Демографија[уреди | уреди извор]

Србите, Хрватите и Словенците биле уставните нации сѐ до 1929, кога од нив била создадена новата националност Југословени. Следните податоци, групирани по мајчин јазик, се од пописот на населението во 1921:[1]

Религиозни групи[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

  1. Резултати Пописа становништва Краљевине СХС 1921